Поранешната девојка на Бака Прасе е една од најплатените инфлуенсерки во поранешна Југославија - еве зошто

Супермен

18/01/2022

15:28

19.932

Големина на фонт

а а а

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, се најде во центарот на медиумското внимание откако почина инфлуенсерката Кристина Кика Ѓукиќ, а Бака беше одведен во полиција на сослушување.

Многумина го сметаат за водач на сајбер малтретирањето на кое беше изложена Кика, но Илиќ тврди дека се разделиле во пријателски односи.

Подоцна изјавил дека морал да се исели од Србија поради смртни закани, па тврдел дека ќе започне нов живот во Амстердам, а потоа се вратил во Србија. Последната информација што ја пласираше е дека раскинал со својата девојка Ања Благојевиќ.

Парот ги избришал сите заеднички фотографии, но многумина се убедени дека поради целата драма со Бака Прасе, тоа го направиле за Ања да не ги загуби спонзорите и договорите со брендовите со кои соработува.

Ања е од Босна и Херцеговина и денес е една од најплатените инфлуенсери во поранешна Југославија.

Во февруари годинава ќе го прослави својот 22-ри роденден. Завршила средно економско училиште во Добој, а уште тогаш почнала да се занимава со фитнес.

„Ања е заинтересирана за фитнес уште од мала, а сериозно тренира од својата 17-та година. По завршувањето на курсот за фитнес IFBB и проучувањето на правилната исхрана, таа почна да ги постигнува телесните цели. Таа е сертифициран фитнес тренер и личност која дефинитивно ќе те мотивира“, гласи описот на нејзиниот профил на MoveMe.com.

Ања на Инстаграм ја следат над половина милион следбеници, а популарна е и на социјалната мрежа ТикТок, каде меѓудругото промовира здрава исхрана и вежбање.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk