Познатата автомобилска компанија барала од вработените да не одат дома - спијат на подот од фабриката

Супермен

31/03/2022

17:05

9.636

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте имале чувство дека поминувате повеќе време на работа отколку дома? Тогаш размислете за работниците на „General Motors“ во Кина кои воопшто не одат дома - тие буквално спијат на подот од својата фабрика.

Вработените во погонот на „General Motors“ (GM) во Шангај биле замолени да спијат во фабриката за да се овозможи постројката да остане отворена со почитување на моменталните противепидемиолошки мерки поради пандемијата на коронавирусот. Како што известува „Reuters“, работниците спијат, живеат и работат во фабриката и во целост се изолирани од остатокот од населението за да се спречи пренесување на вирусот, слично како што тоа го правеше персоналот на неодамна одржаните Зимски олимписки игри во Пекинг.


Локдаунот во Шангај им предизвика проблеми на неколку автомобилски произведувачи и индустриски доставувачи, вклучувајќи ја „Tesla“ која има историја на кршење на американските правила за пандемијата, но оваа недела го стопираше производството во Кина на 4 дена бидејќи не успеа да го реализира истиот план како „GM“.

Фабриката во Шангај е дел од заедничката компанија на „GM“ и кинескиот „SAIC“ и моментално произведува автомобили од марката „Buick“, „Chevrolet“ и „Cadillac“.


Кога „AutoNews“ побарал од „General Motors“ да го искоментира извештајот кој потекнува од информации од две лица запознаени со ситуацијата во фабриката, компанијата одбила да коментира, велејќи само дека производството на возила продолжува со вообичаеното темпо.

Се чини дека порастот на бројот на случаи на Ковид-19 ширум Кина исто така ќе ги присили организаторите на Саемот за автомобили во Пекинг да го откажат настанот следниот месец. Оваа манифестација треба да започне на 21-ви април и иако досега нема официјална потврда дека терминот е променет, „AutoNews China“ известува дека саемот би можело да биде поместен за јуни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk