Оваа боја на автомобил најмалку губи на цена: Можеби не е најпопуларна, но можете да добиете повеќе пари од препродажба на возилото

Супермен

04/04/2022

12:25

7.669

Големина на фонт

а а а

Ако купувате автомобил со намера да го препродадете, сакате тој да ја задржи вредноста, зарем не?

Како тогаш можете да постигнете подобра препродажна цена и по 3 години? Купете автомобил во жолта боја!

Жолтата можеби не е најпопуларната боја за автомобил, но постојат доволно луѓе кои сакаат жолта наспроти бројот на порачани нови жолти автомобили, што ги прави автомобилите во оваа боја попосакувани од останатите на пазарот на половни возила.

Жолтата боја е помеѓу најмалку застапените бои на автомобили, а е најчеста боја кај спортските автомобили и другите возила од ограничено производство кои држат релативно добра цена, пишува порталот „Tech Lifestyle“.


Тимот од веб-страницата „iSeeCars.com“ ги споредил цените на повеќе од 6 милиони нови и половни автомобили помеѓу 2017 и 2020 година и ги искористил тие податоци за да воочи кои бои помагаат, штетат или немаат особено влијание на препродажната вредност на возилата.

Бојата на автомобилот е една од примарните одлуки која купувачите ја земаат предвид по изборот на бренд и модел. Со оглед на тоа дека препродажната цена е најголем фактор кој одредува колку новото возило „чини“ за поседување, купувачите би требало да бидат претпазливи во текот на избирањето боја.


Од „iSeeCars.com“ велат дека вообичаените бои како белата, црната и сребрената се популарни затоа што луѓето ги перцепираат како најсигурни бои. Но, да се биде перцепиран како најсигурен и всушност да се биде најсигурен се две различни нешта.

Изненадувачки е што жолтата боја е исто така најдобра боја за теренци, лимузини и купеа, додека беж бојата е најдобра за камионети, црвената за кабриолети, а сината боја за моноволумени, пренесува „Bankar.me“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk