(Фото) „Bugatti Centodieci“ е еден од најскапите автомобили на светот

Супермен

26/09/2022

18:36

5.097

Големина на фонт

а а а

Произведен е уште еден „Centodieci“, што значи дека примопредавањето е подготвено.

Не се сомневаме дека идниот сопственик, и покрај фактот што ќе биде „пократок“ за најмалку 8 милиони евра, секој пат ќе седнува со насмевка во овој навистина посебен автомобил.

Избран е сребрен финиш, а пред да замине кај новиот сопственик, автомобилот бил фотографиран во друштво на својот предок, легендарниот „EB110 Supersport“ од 1992 година.


Дури сега, рамо до рамо, овие два автомобили покажуваат естетски сличности. Секако, временската разлика од неколку децении го направила своето, но тука е тешко да се издвои попривлечен модел.

За потсетување, „Supersport“ во превод значи дека е нешто полесен и помоќен од верзијата „GT“, а се дистанцира со соодветни модификации на каросеријата со цел постигнување на подобра аеродинамика.


Го придвижува 3.5 V12 квад-турбо мотор со 612 коњски сили во комбинација со 6-степен менувач – импресивен дури и денес, а камоли во 90-те години. Постигнува 100 км/ч. за тогаш неверојатните 3,2 секунди и максимални 355 км/ч.

„Centodieci“ нуди позната приказна – 8.0 W16 со 1600 коњски сили и перформанси од соништата. Максималната брзина му е 380 км/ч., а 100 км/ч. развива за 2,4 секунди.


Оригиналот е произведен во 30 примероци, а на пазарот за половни автомобили е сè уште поевтин од реинкарнираниот модел. Од 10-те планирани примероци на „Centodieci“, досега во јавноста се видени само 3. Првиот, бел модел, беше забележан во 2019 година, а синиот дури неодамна и тоа на хрватските патишта.

Сите 10 автомобили наводно ќе бидат довршени до крајот на годината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk