(Видео) Вака најбогатиот човек на светот се однесува со работниците пред да им даде отказ – открива поранешен вработен во „Tesla“

Супермен

03/10/2022

14:10

25.277

Големина на фонт

а а а

Поранешен вработен во „Tesla“, Карл Медлок, открил што би направил Илон Маск, по што вработените вообичаено сфаќаат дека им се заканува потенцијален отказ.

Медлок гостувал во емисијата „The Iced Coffee Hour“ во август за да зборува за своето искуство во компанијата, па во разговор којшто траел речиси еден час открил уште еден непознат детаљ.

„Доколку Илон зборува што и како да правите, тоа не е добар знак затоа што на луѓето со чија работа е задоволен вообичаено им дозволува да ја работат работата сами“, раскажал тој.


Медлок открил дека му било забавно да работи за Маск, иако тој често не се дружел со своите работници.

„Би разговарал со тебе доколку има потреба да разговара“, објаснил тој.

Исто така проговорил и за длабокото почитување кое сите вработени го имаат кон Маск.

„Никој не се осмелил на било кој начин да му искаже непочит“.

Добил отказ поради патување

Медлок ја раскажал и својата приказна за напуштањето на компанијата и добивање отказ.

„Имаше една госпоѓа која веќе три години поседуваше автомобил којшто не можела да го вози поради оштетување. Реков дека треба да се погрижам за неа“, започнал тој.


„Добив дозвола да ѝ ги испратам сите потребни производи, како средства за полирање. Мојот син отиде да го провери автомобилот на крајот, но жената се пожалила и знаев дека повеќе нема да работам во Tesla. Маск набрзо потоа ми кажа дека патувањето не било одобрено, а ние добивме отказ поради неовластено патување во Хаваи“, раскажал човекот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk