Извршниот директор на „Mazda“ лут на европските политичари поради форсирањето на електричните автомобили: „Тоа не е нивна работа“

Супермен

06/02/2023

18:39

4.182

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на европската подружница на „Mazda“, Мартијн тен Бринк, ги осуди политичарите бидејќи ги присилуваат произведувачите на автомобили да продаваат само електрични возила и ги игнорираат другите потенцијални погонски единици со нулта емисија.

„Корпоративниот одговор е дека ќе бидеме подготвени за сите закони кои ќе стапат на сила“, изјавил Тен Бринк за „Top Gear“ како одговор на забраната за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.

„Тоа не е нивна работа“

„Но, мене ми е исклучително тешко да го разберам тоа, не затоа што не сакам електрични возила, туку затоа што мислам дека е штета што однапред се одлучивме за технологијата, а најчесто најмногу иновации доаѓаат кога ќе поставите цел, но не да им кажете на инженерите и програмерите како да стигнат дотаму“, додал тој.


„Имам проблем со фактот дека политичарите одлучија како да стигнат до тоа и дека решението е само во електричните автомобили. Дали ќе отфрлите сè останато? Дури и она што сè уште не знаете дека постои? Мислам дека тоа е срамота за политичарите. Тоа не е нивна работа. Нивната работа е да бараат иднина со нулта емисии на штетни гасови, но за да стигнете дотаму треба да се потпрете на претприемништвото и креативноста“, вели извршниот директор на „Mazda“.

Како споредба, тој ја посочил дискусијата околу стандардните USB-C полначи за мобилни телефони.

„Сега кога е одлучено дека сите треба да користиме USB-C полнач, тоа е во суштина крајот на креативноста околу поврзувањето. Да, среќен сум што нема да имаме отпад од кабли, но замислете какви други идеи би можеле да осмислат луѓето“, смета тој.


„Јапонците исто така поставија цели за јаглеродна неутралност, но тие вклучуваат одредени биогорива и зелен водород, и се подготвени да испробаат нешта кои се нови, но можеби сè уште не се тука. Овде сите престануваат да инвестираат во овие технологии бидејќи законот не го дозволува тоа и мислам дека тоа е голема грешка. Мислам дека е добро да се продаваат само возила со нулта емисија до 2035 година, но ако треба да бидат електрични со батерии, мислам дека тоа е штета“, заклучил Тен Бринк.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk