Најскапото шише вода на светот чини 4,6 милиони долари и сигурно ја гасне жедта на милијардерите.
Иако основната животна потреба каква што е водата и зборот „луксуз“ не треба да се појавуваат во една иста реченица, сепак ние живееме во свет во којшто тоа може да се случи.
Најскапото шише со вода на светот е содржина на блескаво уметничко дело и се продава за 4,6 милиони долари.
Во принцип, водата за секое шише „Acqua di Cristallo Tributo a Modigliani“ доаѓа од три различни места на земјата – од извори во Фиџи, од Франција и од глечер на Исланд.
Со најчистата вода на светот како состојка, не е изненадување што ова шише чини повеќе од било која друга врвна флаширана вода.
Друга карактеристика која придонесува во нереалната цена е сјајот на драгоцената содржина која е последица на 5mg златната прашина од 23 карати помешани во водата.
Додатокот на злато ја прави водата поалкална од нормалната вода што придонесува во цената од една страна и дава повеќе енергија во споредба со нормалната вода. Меѓутоа, покрај содржината и нејзиниот дизајн придонесуваат во цената.
Секое од стаклените шишиња од 750 милилитри покриено е со 24-каратно злато. Шишето е дизајнирано од познатиот дизајнер Фернандо Алтамирано, познат по својот елегантен дизајн којшто се сместува на листата најскапи на светот.
Фернандо Алтамирано исто така е човек којшто го дизајнирал најскапото шише коњак на светот.