(Фото/Видео) Светот воодушевен од потегот на големиот Мурињо: Го зел медалот, пришол до трибините и направил нешто кое долго време ќе се прераскажува

Супермен

01/06/2023

10:45

9.862

Големина на фонт

а а а

Португалскиот експерт Жозе Мурињо ја покажа човечноста по болниот пораз во финалето на Лига Европа.

Неговата Рома беше поразена во финалето во Будимпешта по пеналот, а тоа исклучително тешко го поднел токму Португалецот.

Тој веднаш по завршувањето на натпреварот отишол во соблекувалната, но подоцна се вратил на терен за да го прими медалот и да му ја честита победата на ривалот.

Кога го добил утешниот медал Мурињо направил еден гест којшто ги воодушевил фудбалерите ширум светот.

Едно момче го повикал од трибините, Португалецот го забележал кога одел кон тунелот и му пришол.

Момчето сакало автограм од својот најголем идол, а добил подарок којшто ќе го чува до крајот на својот живот и којшто многу ќе му значи.

Имено, Португалецот на младиот навивач на Рома му го подарил својот медал и поради тоа добил невидени овации од публиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk