Хакиран профил или маркетиншки трик? Марк Закерберг ги збуни корисниците на Фејсбук со необичната објава

Супермен

01/06/2023

15:46

5.043

Големина на фонт

а а а

На Фејсбук профилот на Закерберг се појавиле две необични пораки, оставајќи многумина да шпекулираат што значат истите.

Наводната мистерија започнала кога на неговиот Фејсбук профил била објавена порака составена исклучиво од бројки – „1140648592060760981“.

Набрзо потоа, Закерберг наводно се огласил во коментари со едноставна, но неочекувана молба – „Заследете ме, ве молам“.

Овие мистериозни пораки биле брзо отстранети од профилот на основачот на Фејсбук, но успеале да го најдат својот пат до Твитер, каде корисниците продолжиле да расправаат за нивното значење.

Ваквото однесување на Закерберг остави многумина во дилема – дали станува збор за маркетиншки трик, или неговиот профил како што претпоставуваат некои, бил хакиран?

Толкувањата се множат, а некои корисници дури започнале да ги поврзуваат таинствените објави на Марк со можното лансирање на новиот уред за виртуелна реалност „Quest 3“. Дали овие шифрирани пораки се можеби дел од вешто осмислен маркетиншки трик за нов производ, останува да видиме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk