Човекот кој не сакал ништо, добил сè во животот па дури и дете на 83 години: „Единственото нешто за кое се грижам е глумата“

Супермен

16/06/2023

12:50

9.189

Големина на фонт

а а а

Ал Пачино доби син со својата девојка Нур Алфалах која има само 29 години, а за медиумите тоа го потврди и ПР агенцијата на славниот актер.

Иако побарал тест за татковство бидејќи очигледно мислел дека поради годините не е повеќе плоден, изгледа дека Пачино го признал синот кој го родила Нур и кој го добил името Роман.


Причината зошто никој не верува во големата љубов на Нур кон Пачино е тоа што таа е позната како жена која „брка“ стари холивудски ѕвезди - пред Ал беше во врска со Мик Џегер, но и со Клинт Иствуд.


Алфредо Џејмс Пачино е роден во Њујорк, а неговите родители - Роуз и Салваторе Пачино потекнуваат од Италија. Имал 2 години кога неговите родители се развеле, а тој заедно со мајка му се преселил кај неговите баба и дедо во источен Бронкс.

Неговите тинејџерски денови ги одбележале пороци - пушел марихуана и пиел алкохол, но никогаш не консумирал тешки дроги. На 17 години го напуштил училиштето, а неговата мајка го исфрлила на улица и бил присилен да работи привремени работи - бил домар, возел автобус, работел во пошта.


Сите пари кои ги заработувал, ги вложувал во часови по глума, а неговиот ментор и подоцна пријател бил познатиот Чарли Страсберг, поддржувач на контроверзниот метод, актерска техника која бара од актерот да ги пренесе сопствените искуства и емоции на ликовите за да биде што е можно поверодостоен.

„Заборавете на кариерата, работете ја работата. Ако чувствувате дека тоа што го правите е добро и имате визија, на крајот нештата ќе се случат“, велел Пачино.

За улогата во „The Godfather“ се случиле големи мистерии, напнати ситуации, дури и несогласувања меѓу водечките луѓе:

„Не тој кепец“, му зборувале продуцентите на режисерот Френсис Форд Копола. Копола инсистирал улогата на Мајкл Корлеоне да ја добие непознатиот актер Ал Пачино, додека продуцентите сакале Дастин Хофман да ја добие улогата.


„Доколку би се снимил филм за мојот живот, би се викал: 'Приказната на Дастин Хофман'“, раскажал Ал низ смеа.

„Кога започнувавме, Роберт де Ниро, Хофман и јас, луѓето постојано нè мешаа“, се присетил тој, а за француското списание „Paris Match“, за улогата во ова култно достигнување изјави:

„Станувањето богат и славен никогаш не ме интересирало. Единственото нешто за кое се грижам е глумата. Дојдов од Бронкс, а славата ме затече неподготвен. По „The Godfather“ не знаев што ме снашло. Не знаев кој сум, жени спиеја пред мојата врата...“, раскажал познатиот актер.

Токму на снимањето на „The Godfather“ ја запознал актерката Дајан Китон со која беше неколку години во врска.

„Првото нешто кое го забележав на него беше неговиот нос, голем како краставица, а второто беа неговите енергични движења. Во тоа време за него зборуваа дека е идната голема ѕвезда на Бродвеј. За мене беше и остана еден од најзабавните мажи кои некогаш сум ги запознала. И еден од најубавите. Ворен Бити беше прекрасен, но Ал има „убиствено“ добро лице“, изјавила Китон за Пачино.


Нивната љубов згаснала кога му поставила ултиматум - или брак или крај. И до ден-денес, Дајан Китон за него зборува сè најдобро, но признава и дека раскинувањето за неа било погубно и дека ѝ биле потребни години за да го преболи.

Ал Пачино никогаш не се женел, но има 3 деца - Џули Мери (33) со професорката по глума Џен Тарант, како и 22-годишните близнаци Антон Џејмс и Оливија Роуз, со актерката Беверли Ди Анџело.

Неговата врска со израелската актерка Мејтал Доан, која е речиси 4 децении помлада од Ал, минатата година заврши неславно.


„Разликата во годините беше преголема. Се трудев да го занемарам тоа, но да бидам искрена, тој сега е старец. И покрај сета моја љубов, тоа не опстана“, била искрена Мејтал.

Сепак, Ал пронашол некоја која нема проблем со разликата во години и која едвај чекала не само да биде со него, туку и да му роди четврто дете.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk