[ФОТО] Во најсекси бикини, ќерката на Гордон Ремзи мами воздишки, а следбениците ѝ порачуваат: „Дечко ти е вистински среќник“

Супермен

04/06/2025

15:29

1.612

Големина на фонт

а а а

Холи Ремзи (25), ќерката на познатиот готвач Гордон Ремзи и свршеница на олимпиецот Адам Пити, со своите следбеници сподели неколку фотографии од нејзиното патување во Мајами.

Заедно со галерија од гламурозни слики, таа напиша: „Разгледници од Мајами“, а на фотографиите позира во црно бикини.


Доби бројни комплименти

Обожавателите го пофалија нејзиниот изглед во коментарите. „Прекрасна си во тоа бикини“, „Многу си секси“, „Изгледаш одлично, госпоѓице“, „Вау. Твоето момче е вистински среќник“, „Убава“, се само некои од коментарите.

Холи се сврши со Адам Пити минатиот септември за време на заедничко патување во Дубаи. Адам, кој освои медал во пливање на Олимписките игри во Париз минатото лето, ја запознал Холи додека нејзината помлада сестра Тили се натпреварувала со него на „Strictly Come Dancing 2021“.


Гради сопствена кариера

Во интервју за списанието „OK!“ во јули 2024 година, Холи ја прашале дали размислува за деца – на што таа одговорила: „О, Боже мој – штотуку најдов дечко!“ На прашањето дали нејзиниот познат татко му дава совети на нејзиното момче, Холи рекла: „Сосема различни области. Едниот е готвач, другиот е во базен. Секако, двајцата се одлични во своите области – тоа е она што ги поврзува, но, искрено, тие повеќе зборуваат за автомобили.“


Холи гради сопствена кариера. Откако студирала моден дизајн на лондонскиот универзитет „Ravensbourne“, таа работи како модел и инфлуенсерка, а води и свој поткаст наречен „21 & Over“. Во поткастот, отворено говори за своите искуства и борбата со депресијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk