„Трпам морничави болки, гравитацијата ја влече мојата глава надолу“: Славниот музичар се чувствува многу лошо, мора да се подложи на нова операција

Супермен

15/09/2023

15:00

12.951

Големина на фонт

а а а

Легендарниот рокер мора да се подложи на четврта операција поради повреда на 'рбетот. Ози Озборн (74) вели дека се чувствува многу лошо и дека здравствените проблеми зеле замав.

Тој зборувал неодамна за здравствената состојба во новата епизода на поткастот „The Osbournes“ кој повторно започна да се емитува.

Ози, кој претходно оваа година ги откажа настапите поради проблеми со здравјето, ќе биде подложен на нова операција поради оштетувања на 'рбетот со кои се здобил по падот во 2019 година.


„Вратот е поправен, под вратот има два пршлени, тука се здобив со повреди и од тие пршлени не остана ништо“, изјавил славниот рокер.

„Сè што знам е дека многу патам, се чувствувам многу лошо“, изјавил Озборн и додал: „На мојот грб, два 'рбетни дискови и мускулите на моите рамена се одвоија од 'рбетниот столб и затоа сум наведнат надолу, како гравитацијата да ја влече мојата глава“.


Ози порачал дека на тој начин одел и порано, бидејќи имал низа повреди на 'рбетот.

„За жал, моето тело ми вели дека едноставно сè уште не сум подготвен и премногу сум горд за да бидам „половичен“ на првиот настап кој ќе го имам по речиси 5 години“, ја прокоментирал паузата која ќе ја направи.


Ози Озборн беше опериран во 2019 година откако паднал во бањата и ги влошил оштетувањата на вратот и грбот со кои се здобил пред 16 години. Потоа имаше уште 2 операции, од кои последната беше извршена во јули 2022 година. На музичарот му беше дијагностицирана и Паркинсонова болест.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk