Студена, но стандардот ги задоволува сите: Оваа земја е прогласена за најдобра за живот во светот

Супермен

26/09/2023

09:34

7.363

Големина на фонт

а а а

„US News and World Report“ неодамна објавиле рангирање на најдобрите земји на светот врз основа на квалитетот на живот.

За да рангираат 87 земји, во соработка со „Wharton“ училиштето и Универзитетот во Пенсилванија, анкетирале над 17.000 луѓе од целиот свет.

Најдобрите земји за квалитетен живот биле оценувани според следните индикатори: пристапност, пазар на работа, економска стабилност, еднаквост на приходи, политичка стабилност, безбедност, развој на јавното здравје и систем на јавно образование, поврзаност со семејството.


Шведска – број 1 за живот

На првото место за најдобра земја за живот е Шведска, земјата во која трошоците за живот во просек се за 10,9 отсто пониски од САД, додека изнајмувањето стан е поевтино за 57,5 отсто.

Шведска е позната по бесплатната здравствена заштита и факултативно образование, пишува „US News and Reports“. Швеѓаните исто така можат да се пофалат со еден од најдолгите животни векови, со просечна старост од 82,8 години.

Родителите во Шведска имаат право на 480 денови платено отсуство кога ќе добијат дете или по посвојување дете.


10 најдобри земји на светот за квалитет на живот:

1. Шведска

2. Норвешка

3. Канада

4. Данска

5. Финска


6. Швајцарија

7. Холандија

8. Австралија

9. Германија

10. Нов Зеланд



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk