Факт е дека поголем дел од јаткастите плодови се исклучително добри за здравјето. Но, треба да го ограничите консумирањето на бразилските ореви – на еден дневно.
Поради што тоа е така?
Имено, бразилските ореви потекнуваат од Амазонските прашуми, каде нивото на селен во тлото е исклучително високо. Поради таа причина во него се наоѓаат околу 400 пати повеќе селен отколку во било која друга намирница.

Селенот е есенцијален елемент којшто има моќно противвоспалително дејство, но и антиоксидантско делување врз организмот, па потребен е за произведување на хормоните. Се покажало дека внесувањето селен во облик на дополнителна прехрана може да модифицира воспалителен и имуносен одговор кај заболените од автоимуни болести.
Еден бразилски орев во просек содржи 90 микрограми селен, што е речиси двапати повеќе од препорачаната дневна доза. Прекумерното консумирање на бразилски ореви може да предизвика труење со селен.

Раните симптоми на труење со селен се кршлива коса и нокти, но и губење на косата, додека невролошките симптоми вклучуваат умор, раздразливост, емоционална нестабилност и парестезија. Труењето со селен може да резултира и со цироза на црниот дроб и смрт.