Крвен притисок над 140? Овие 4 намирници го намалуваат крвниот притисок и го подобруваат расположението

Точка

30/05/2025

20:39

1.972

Големина на фонт

а а а

Крвниот притисок е добар показател за здравјето на срцето и крвните садови. Тоа е генерално хронична состојба која бара доживотна контрола со соодветни лекови и здрави навики на живот.

Соодветна физичка активност, здрава исхрана и управување со стресот се основни делови од третманот. Зелениот чај, темното чоколадо, јаболката и грозјето можат да бидат добри избори за ужина за пациенти со хипертензија.

Ги опуштаат крвните садови, ја јакнат циркулацијата

Неодамна објавена студија во „European Journal of Preventive Cardiology“ наведува дека овие четири намирници можат да ги опуштат крвните садови, да ја зајакнат циркулацијата и на долги стази да го регулираат нивото на крвниот притисок.

Кардиолозите наведуваат дека оптималните вредности на крвниот притисок се 120/80 mmHg. Според европските препораки од 2018 година, хипертензија или покачен крвен притисок изначуваат вредностите повисоки од 140/90 mmHg.


Како што се зголемува крвниот притисок, така се зголемува и ризикот од кардиоваскуларни компликации, кои пациентите сè уште можат да ги спречат со соодветна терапија и исхрана.

Со користење на една од четирите наведени намирници, покачените вредности на крвниот притисок биле пониски дури и кај луѓе кои не примале редовна фармаколошка терапија. Ефектот бил уште подобар кај пациенти кои веќе користеле лек за контрола на крвниот притисок, се вели во студијата.

Улогата на флавоноидите

Учесниците во студијата консумирале флаван-3-оли, вид флавоноид кој го има доста во зелениот чај, јаболката, црното грозје и производите од какао. Флаван-3-олите го зголемуваат производството на азотен оксид, им овозможуваат на крвните садови полесно да се шират и ја зајакнуваат циркулацијата.

Било забележано дека има намалување на крвниот притисок, а ефективните дози биле 59 грама темно чоколадо, 3 шолји чај и две јаболка со средна големина.


Подобар ефект е забележан по природен внес на овој вид флавоноид. Од друга страна, употребата на флаван-3-оли преку додатоци во исхраната може да предизвика проблеми со црниот дроб и да влијае на ефектот на лековите. Овие податоци се поклопуваат со претходните истражувања, кои сугерираат дека консумирањето на темно чоколадо и особено зелен чај има значително влијание врз здравјето на срцето.

Комбинација за подобро расположение

Комбинацијата од темно чоколадо и зелен чај може да има позитивен ефект и врз расположението, поради ефектите на теоброминот, алкалоид од какаото, и кофеинот. Малку темно чоколадо и чај, хемиски гледано, во одредена доза можат да ги подобрат концентрацијата и расположението.

Неодамнешна јапонска студија покажала дека консумирањето зелен чај, три или повеќе шолји на ден, може да спречи развој на кардиоваскуларни заболувања, рак и деменција.


Кожата и семките од црно грозје се богати со растителното соединение ресвератрол, антиоксидант кој го намалува воспалението и ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Високата содржина на растворливи влакна, антиоксиданти и полифеноли во јаболката го прави ова овошје еден од најдобрите природни лекови за регулирање на крвниот притисок и целокупното здравје.