Не е тајна дека големите компании сакаат да им поставуваат бизарни прашања на кандидатите или да ги ставаат во невозможни ситуации од кои ќе се препотуваат.
Можеби ви се чини како нешто што е потполно непотребно, но експертите тврдат дека таквите прашања или осмислувањето на специфични ситуации се посебно формулирани за да ги тестираат разните способности на кандидатот, или пак им служат за да одредат кои се најголемите стравови на кандидатите и како тие реагираат во стресни ситуации.
Во продолжение, ви претставуваме дел од најголемите „хитови“ кои ги смислиле големите американски компании, а ги пренесува „The Muse“.
Living Social
„Која е вашата омилена песна? Изведете ја за нас сега“.
Microsoft
„Како би тестирале лифт?“
„25 тркачки коњи, без штоперица. Пет патеки. Одредете ги трите најбрзи коњи во најмал број трки“.
Trader Joe’s
„Што мислите за градинарските џуџиња?“.
Amazon
„Како би ги решавале проблемите доколку сте од Марс?“.
Urban Outfitters
„Вие сте нов додаток во кутијата со мрсни боици. Која боја би биле и зошто?“.
„Зошто капаците на шахтите се кружни?“.
Apple
„Да сте доставувач на пица, од каква корист би ви биле ножици?“.
Uber
„Како би пронашле зборови во англискиот јазик кои станале застарени во периодот помеѓу 16-от и 17-от век? Можете да користите пребарувач“.
PETCO
„Како би му објасниле некому како да направи омлет?“.
Kraft Foods
„На скала од 1 до 10, оценете ме како интервјуирач“.
American Heart Association
„Која е бојата на парите?“.