„Штом ги видам заедно помислувам како тој пред цел свет ја изневери“: Зошто глумат среќа кога сите знаеме дека живеат пекол, славниот пар на мета на критики

Супермен

22/01/2024

23:05

10.117

Големина на фонт

а а а

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се пар којшто денес асоцира на неверство, а не на љубов.

Џастин повеќе не е толку популарен како во времето кога се забавувал со Бритни Спирс.

Откако раскинал со пејачката, имал неколку бурни љубовни врски за подоцна да се ожени со Џесика Бил. Парот важел за одраз на љубовта и согласувањето, сѐ додека Џастин не бил фотографиран како се бакнува со колешката со која во тоа време снимал филм.


Актерката со која наводно ја изневерил својата сопруга е Алиша Вајнврајт. Алиша и Џастин биле фатени во еден бар, после снимањето на филмот додека друштво им правеле останатите членови од филмската екипа.

Подоцна тие двајца одлучиле да бидат сами, па се издвоиле на балконот...


Се зборувало и дека на пејачот ова не му е единствената афера која ја имал и дека врската со сегашната сопруга им била многу бурна. Се шпекулирало дека парот ќе се разведе, но сепак тоа не се случило.

Точно една година после скандалот, во тајност го добиле вториот син.


Денес, кога нивните фотографии од црвениот тепих ќе го обиколат светот, коментарите се навистина сурови: „Секојпат кога ќе ги видам овие двајца се сеќавам како тој ја изневерува, а како таа му го прости тоа“, „Точно една година после неговото неверство, добија дете. Тоа очигледно било во текот на сексот за смирување“, „Со дете се обидоа да ги решат проблемите со неверството“.

Инаку, Џастин и Џесика се запознале во 2005 година, додека врската ја започнале две години подоцна.


„Морав да бидам прилично упорен за да ја натерам да каже „да“. Но, јас сум многу упорен и доколку нешто сакам не се откажувам од тоа. И на крај, се согласи“, изјавил Џастин на почетокот од нивната врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk