Најголемиот скандал во историјата на квизот: Со измама освоил најголема сума во „Милионер“, па случајно се издал – казната брзо го стигнала

Супермен

11/09/2024

21:47

16.255

Големина на фонт

а а а

Иако се случил во 2001 година, и до ден-денес се зборува за најголемиот скандал во историјата на телевизијата. Чарлс Инграм бил поранешен војник кој се натпреварувал во британската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“.

Тој стигнал до милион, но од тие пари не добил ништо бидејќи неговото мамење било забележано и санкционирано.

Инграм, неговата сопруга и нивниот пријател се осомничени дека смислиле план за мамење за време на квизот, кој на крајот скапо ги чинел.

Квизот „Кој сака да биде милионер?“ го осмислил Британецот Дејвид Бригс, а истиот брзо стана еден од најпопуларните ТВ формати во светот. Досега квизот има добиено околу 120 верзии низ светот, приспособени на различни правила, награди и локални култури. Британската верзија, како и оригиналот, беше особено ценета поради напнатоста и високите награди, па многумина сакаа да си ја пробаат среќата.

Најголемата измама на квиз досега

Имено, Чарлс, неговата сопруга Дајана и пријателот Теквен Виток користеле тактика за мамење која вклучувала кашлање на точните одговори во текот на целата емисија. Дека е нешто сомнително забележал натпреварувачот Лери Вајтурст, кој потоа пријавил во продукцијата.

Еден од сомнителните моменти се случил на прашањето кое гласело: „Кој го издаде хит албумот „Born to Do It“ во 2000 година?“. Инграм првично избрал погрешен одговор, но откако размислил за тоа, се предомислил и се одлучил за точниот одговор - Крег Дејвид , иако рекол дека никогаш не слушнал за него. На 14-то прашање, кога требало да одговори кој град го проектирал баронот Осман, Инграм на почетокот бил сигурен дека тоа е Берлин, но без очигледна причина го променил својот одговор на Париз и бил во право.


Конечно, на последното прашање, каде што било побарано да го именува бројот чиј запис е „еден па сто нули“, Инграм првично избрал погрешен одговор, но повторно се предомислил и го означил точниот одговор - „googol“, број по кој и компанијата Гугл го добила своето име.

Казна наместо награда

Еден од продуцентите на квизот подоцна изјавил дека се сомнева во измама бидејќи Инграм одговарал со преголема самодоверба и без доволно размислување, што е невообичаено за вакви стресни ситуации. Истрагата покажала дека измамата е вистинска, а брачната двојка Инграм била осудена на 18 месеци затвор за измама и морала да плати казна од 115.000 фунти.


Тие не добиле ништо од освоените пари, а скандалот предизвика големо медиумско внимание. Парот исто така се нашол во неволја и неколку години подоцна кога се обиделе да измамат осигурителна компанија. Чарлс бил отпуштен од службата по скандалот, а подоцна се посветил на пишување книги.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk