Пресушуваат приходите од црното злато! ММФ прогнозира драстично помал профит од нафтата за Саудиска Арабија: Што ги чека по 2026 година?

Супермен

05/09/2024

22:47

6.591

Големина на фонт

а а а

Приходите од нафтата на Саудиска Арабија ќе оваа деценија ќе паднат со побрзо темпо отколку што претходно се предвидуваше, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата актуелна прогноза.

ММФ очекува дека Саудиска Арабија ќе го достигне врвот на приходите од нафта во 2026 година, кога тие ќе се зголемат на 783 милијарди саудиски ријали, или приближно 188,2 милијарди евра, така што тие ќе претставуваат околу 26 отсто од саудискиот БДП.

Според прогнозите, приходите од саудиската нафта од тогаш постепено ќе се намалуваат за да достигнат околу 186,6 милијарди евра во 2029 година, што е за 4,1 отсто помалку од претходните прогнози на ММФ.

За да го балансира буџетот, на Саудиска Арабија потребно ѝ е светските цени на нафтата да достигнат 96 долари, што е за 23 долари повеќе од сегашната цена на нафтата Брент.


Доколку се земе предвид планираното трошење на државниот фонд на Саудиска Арабија, цената на нафтата во идеално сценарио би требало да изнесува дури 112 долари за барел, наведува „Блумберг“

Клучното прашање за Ријад е како сегашната слабост на нафтениот пазар ќе влијае на неговите финансии и производството на нафта.

ММФ предвидува дека производството на нафта во Саудиска Арабија ќе биде девет милиони барели дневно (bpd) оваа година, како и дека ќе се зголеми на 10,2 милиони барели дневно во 2026 година и 11 милиони барели дневно во 2029 година. Организацијата со седиште во Вашингтон верува дека просечната цена за извоз на саудиска нафта во 2024 година ќе биде 82,5 долари за барел и ќе падне на 70 долари за барел до крајот на деценијата.

„ОПЕК плус“ може да го одложи зголемувањето на производството на нафта

Нафтениот картел „ОПЕК“ плус би можел да го одложи договореното зголемување на производството на нафта поради ниските цени на овој енергенс на пазарот, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на два анонимни извори од оваа организација. Членките на „ОПЕК +“ најверојатно ќе преземат мерки за балансирање на пазарот со одложување на зголемувањето на производството, рекол еден од изворите.


Првобитниот план предвидувал осумте земји-членки на „ОПЕК плус“ да го зголемат производството за 180.000 барели дневно (bpd) почнувајќи од октомври, но цената на нафтата Брент вчера падна под 73 долари за барел, на најниско ниво од декември 2023 година, а гореспоменатиот картел сака малку да го „затегне“ пазарот со нафта, наведува британската агенција.

Во својот тековен августовски месечен извештај, за прв пат оваа година, „ОПЕК“ ја намали својата прогноза за раст на побарувачката на нафта во 2024 година за 135.000 барели дневно на 2,1 милиони барели дневно (bpd) поради послабата побарувачка за енергетски производи во Кина.

Во извештајот од август, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја задржала својата процена за растот на побарувачката на нафта во 2024 година на 970.000 барели дневно (bpd) и ја намалила својата процена за растот на побарувачката во 2025 година за 30.000 bpd на 950.000 bpd.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk