Работи на Јужниот пол и годишно заработува околу 75.000 евра: „Сè е прекрасно додека не ја отворите вратата“

Супермен

30/01/2024

11:40

13.397

Големина на фонт

а а а

Работните места на бродови, крузери и авиони не се ништо ново. Исто така, работните места на нафтените платформи, како и на најјужната точка на нашата планета се добро платени.

Огласите за работа на Јужниот пол се многу активни. Во научно-истражувачките центри на Антарктикот се бараат најразновидни професии - од хемичари, столари, преку пекари и слаткари, па сè до чистачи.

Американецот Џеф Капс (33) ја сподели својата приказна за живеење и работа на Антарктикот. Од пријател слушнал дека американските власти бараат квалификувани работници за работа на поларната станица Амундсен-Скот на Јужниот пол.


„Работев како механичар и еден пријател ми рече дека бараат некој кој ќе поправа возила таму. Веднаш му реков, пријави ме“, вели Џеф, кој ја добил работата. Годишно заработува околу 75.000 евра, а на Антарктикот е по 6 месеци во годината.

„Тоа е како да живеете на голем брод. Работам таму од 2019 година, а таму дури ја запознав и мојата девојка Мишел. Таа работеше во кетеринг. Станицата ја нарекуваме наш вселенски брод. Следната најблиска станица како оваа е повеќе од 1.000 километри, целосно сме изолирани“, изјавил Џеф со насмевка за „Mirror“.

„Ако не ја отворите вратата, се чувствувате како да сте во добар хотел. Имаме одлични готвачи, а температурата во станицата е таква што можете да се шетате по маица со кратки ракави. Последен пат кога броев бевме 43-ца. Така градите заедница, ги гледате тие луѓе секој ден... Сè е убаво додека не ја отворите вратата. Тогаш сè се менува“, вели Џеф, кој додал дека некогаш работел надвор на температура од -76 степени Целзиусови.

„Таму долу сите сме како едно големо семејство. Се почитуваме едни со други, не се жалиме, кога има забави сите заедно пиеме. Забавите во центарот се легендарни. Морате да бидете многу покреативни. Имавме божиќна забава во текот на летото, а одржавме и свои Олимписки игри“, вели Џеф на крајот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk