[ВИДЕО] Погледнете во внатрешноста на новиот најатрактивен стадион во Англија, навивачите со нетрпение го очекуваат

Супермен

08/02/2024

19:22

5.632

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Евертон добија можност да „ѕирнат“ во внатрешноста на новиот клупски стадион, кој ќе биде готов следната година, а кој со нетрпение го очекуваат фановите ширум Англија.

Стадионот на речните докови е целосно изграден, а моментално се работи на неговата внатрешност. Евертон на тој начин ќе го замени својот досегашен Гудисон парк со најмодерниот стадион во Англија, на брегот на реката Мерси, што му дава дополнителен шарм на комплетниот изглед на ова здание.


Легендарниот фудбалер на Евертон, Фил Јагелка, неодамна го посетил стадионот и сето тоа го снимил со екипата, а потоа видеото беше споделено на официјалната веб-страница на новиот стадион на пристаништето Бремли-Мур.

Некогашниот капитен ја обиколил внатрешноста на стадионот, го снимил изгледот на соблекувалните, разговарал со тимот што ја изведува работата и сето тоа им го доближил на навивачите во 5-минутно видео.

Изградбата на стадионот чинела повеќе од 700 милиони евра, а истиот ќе има околу 53.000 седишта и ќе биде отворен следната година. Се очекува Евертон да заигра на новиот стадион веќе на почетокот на сезоната 2025/2026, а отворањето да се прослави претходно со посебна програма.


Истовремено со изградбата на новиот стадион, Евертон се соочува со големи проблеми на теренот и надвор од него. Тимот со години едвај го задржува статусот на член на Премиер лигата, а оваа сезона веќе се соочи со одземање на 10 бода поради прекршување на правилата на Финансискиот фер-плеј (ФФП).


Популарните „Карамели“ наскоро ќе се соочат со уште една парична казна поради истиот случај и нивниот статус како членови на Премиер лигата ќе биде загрозен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk