[ВИДЕО] Економистка го открила трикот: „Еве како ќе се збогатите доколку ја менувате работата на две години“ – Луѓето се запрепастени како сè има смисла, но еден услов мора да се исполни

Супермен

22/02/2024

16:33

6.226

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за често менување на работните места, повеќето луѓе имаат сосема спротивни ставови. И додека едни сметаат дека честите промени на работните места не говорат ништо пофално за вас, односно дека ставката во вашето CV значи дека не сте лојален вработен, други истакнуваат дека таквиот потег во одредени временски интервали е добар потег со цел да си обезбедите поголема плата.

Гостувајќи на поткастот, извесна економистка раскажала дека „Forbes“ направил студија која покажала дека луѓето кои не ја менуваат работата заработуваат 40% помалку во текот на нивниот живот од оние кои се осмелуваат да ја променат својата работна средина.

Иако таквата постапка со себе носи голем стрес, чувството да се почне од нула, потребата за повторно докажување, сепак може да има материјална корист.


„Мора да бидете унапредени или да заминете по две години. На две години би требало да добивате 10-15% покачување. Во спротивно, мора да одите на место каде би биле платени. Доколку не го направите тоа, ќе почнете да заработувате помалку пари“, раскажала таа.


Треба да бидете голем стручњак

Понатаму потсетува на основниот критериум што води до исполнување на вториот услов – мора да бидете големи експерти во работата како би можеле воопшто да размислувате за континуирани покачувања и унапредувања.

„Луѓето често имаат став: „Пазарот на трудот е лош, не можеме само така да дадеме оставка“. Согласна сум, не е исто како пред две или три години. Најдобрите и најпаметните луѓе, оние кои имаат најдобри резултати, кои се свесни дека нивниот надреден знае како тие добро ја вршат работата и помагаат на другите, секоја година ќе добиваат покачувања“, истакнала таа на крајот.


Факти или теоретизирање?

Во коментарите, голем број луѓе биле сомничави кон неа и се воделе од идејата дека тоа само ја покажува нивната неспособност да ја задржат работата на долг рок.

Се огласиле и оние кои со свој личен пример ги потврдиле наводите на економистката.

„Факти. Не ја напуштив компанијата, туку добив унапредување и нови одговорности во различни сектори во рамките сектори во рамките на истата компанија и со тоа мојата плата се зголемуваше во просек за 11% за две години“, навела извесна Селена.

Какво е вашето искуство? Пишете ни во коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk