[ФОТО] Актерката која ја нарекуваат новата Софија Лорен го покажа совршеното тело во бикини: „Ти си национално богатство“

Супермен

28/02/2024

23:20

11.424

Големина на фонт

а а а

Мадалина Генеа, романска актерка и модел, која многумина ја сметаат за најубавата жена на светот и ја нарекуваат новата Софија Лорен, објави серија фотографии и видеа на кои позира во бикини.

Мадалина во сино-бел костим за капење ја истакнала својата совршена фигура и извајаните стомачни мускули.

Прекрасните фотографии се направени на островот Капри во Италија, а обожавателите ѝ упатиле бројни комплименти на актерката.

„Прекрасна“, „Апсолутно неверојатна“, „Национално богатство на Романија“, „Колку си убава“, „Како е можно да си толку убава и згодна?“, се дел од коментарите.

Инаку, 36-годишната Мадалина ја оствари првата позначајна улога во филмот „House of Gucci“ каде ја отелотвори Софија Лорен, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со познатата италијанска актерка. Неодамна на „Netflix“ излезе филмот „Deep Fear“ во кој главната улога ја има убавата Романка, но публиката не е претерано воодушевена од ова остварување.

Мадалина е позната и по љубовните романси со познати мажи како Леонардо ди Каприо, Мајкл Фасбендер и Џерард Батлер, а минатата година беше во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk