Британскиот актер за славната колешка: „Таа беше брутална убавица со големи гради, за неа бев парче месо и детска играчка во текот на интимниот однос“

Супермен

29/02/2024

10:44

13.939

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер и пејач Вил Мелор (47) откри дека во една прилика ја поминал ноќта со холивудската актерка Брижит Нилсен (60), велејќи дека таа го третирала како „некаква мала детска играчка“. Овој 47-годишник решил да ги открие сите детали од интимната средба со славната 60-годишна Брижит.

Мелор признал дека атрактивната Данка го замолила да дојде во нејзината хотелска соба за да се забавуваат, по што таа „го фрлила како ќесичка чај“.

„Кога ја запознав Брижит Нилсен, таа дојде кај мене и ме праша дали сакам да имаме секс во хотелската соба. Се однесуваше како да сум парче месо. Бев преплашен. Таа зборуваше во стил: 'Испрати возач по него, оди земи го'“, се присетил актерот за време на гостувањето во поткастот „Two Pints ​​with Will & Ralf“.


Мелор додал дека актерката, инаку поранешна сопруга на Силвестер Сталоне, му се допаѓала уште од мали нозе, но дека е поинаку да се биде сам со неа во реалниот живот. Тој признал дека бил „исплашен“ од убавата русокоса, опишувајќи ја како „жена од 185 центиметри чии гради се толку големи“.


„Знаеш она, кога си млад па гледаш филмови како „Red Sonya“ и „Cobra“ и помислуваш дека еден ден таа ќе „падне“ на тебе и ти ќе се шокираш. Затоа што во тоа време си мислел: „Ох, погледни ја, каква убавица“. Но, ох Боже мој, таа има 185 центиметри, нејзините гради се толку големи, а таа само ја заби мојата глава во нејзиното деколте и беше како: „Ох, види каков си“, како да сум некоја мала детска играчка“, изјавил Вил.


За време на оваа интимна исповед, Вил не кажал кога имал интимна средба со славната 60-годишна актерка, но веројатно тоа е многу одамна, со оглед на тоа што е заедно со својата сопруга Мишел Мексвин од 1999 година.

Брижит ја стекна славата благодарение на улогите во акционите филмови од 80-те години, а беше 5 пати во брак. Од 2006 година е во брак со 15 години помладиот италијански модел Матиa Деси, со кој во 2018 година на 54-годишна возраст ја доби ќерката Фрида.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk