[ФОТО] Најдобриот фраер во Холивуд има нова девојка: Актерот е тотално заљубен во 12 години помладата колешка

Супермен

21/05/2024

09:40

19.519

Големина на фонт

а а а

Еден од најпосакуваните мажи на светот, Џејсон Момоа (44), повторно е на седмо небо, а сето тоа поради 12 години помлада девојка.

Како што пренесуваат странските медиуми, актерот неодамна на Инстаграм објавил фотографии со помладата колешка Адриа Архона (32) и со тоа му ставил до знаење на светот дека е зафатен.

Посебно внимание во јавноста привлече првата фотографија на која холивудскиот фраер ја прегрнува насмеаната Адриа додека вечераат со пријателите.


А потоа следел и краток опис кој покажува колку Момоа ја обожува својата нова девојка.

„Љубов моја“, напишал тој и додал дека со убавата бринета споделил уште една возбудлива авантура.


Инаку, Адриа има 32 години и е родена во Порторико. Некои од нејзините позабележителни улоги се во филмовите „Father of the Bride“, „Hit Man“, „Morbius“, како и во серијата „Andor“.

Да потсетиме, Џејсон зад себе го има бракот со актерката Лиза Бонет, со која има две деца. Парот стави точка на својот однос во 2022 година.

Адриа исто така била во брак. Таа во 2019 година се омажила за порториканско-американскиот адвокат Едгардо Каналес, а не е познато кога парот се развел бидејќи ги чуваа своите животи подалеку од очите на јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk