[ФОТО/ВИДЕО] „Добила генетски џекпот“! Снимила жешко, разголено и безобразно видео и на 53 години има совршена фигура: Познатата водителка го излудела „Инстаграм“

Супермен

24/05/2024

11:00

20.773

Големина на фонт

а а а

Актерката, модел и водителка Падма Лакшми неодамна на „Instagram“ споделила секси видео на кое позира во црно тесно боди со огромно деколте. Убавата Индијка направила одличен маркетиншки трик, одлучувајќи поради рекламата за долна облека да одговори на зачестените прозивки на социјалните мрежи.

„Па, вие кои ми порачувате да почнам да носам градник, следете ме“, кокетно изговорила Падма Лакшми, најавувајќи соработка со познатиот бренд за долна облека.


Таа на видеото се пофалила со своето раскошно, природно деколте и неверојатно тело, поради кое често добива големи комплименти.

Имено, Падма има 53 години, но сепак има беспрекорна фигура на која тешко се наоѓа маана.

Водителката на „Instagram“ додатно споделила и фотографија од снимањето на рекламата, на која позира разголена, односно само во црн градник и гаќички, покриена со бела кошула. На таа фотографија се гледаат нејзините затегнати нозе, а акцентот повторно е на нејзините бујни гради. Не е ни чудо што оваа жена ја следи епитетот „го добила генетскиот џекпот“.


Реакциите на нејзините следбеници биле феноменални, а тие не ги штеделе ниту комплиментите. „Апсолутна божица“, „Поубава си од било која Бонд девојка“, „Изгледаш феноменално“, „Не ги слушај луѓето кои ти велат да не носиш градник“, „Ти си просто совршена“, „Без текст сум колку добро изгледаш“, биле само дел од илјадниците коментари.


Инаку, Падма ја одржува одличната фигура со напорно вежбање – открила дека оди во теретана најмалку пет пати неделно. Обожува пилатес, стомачни, кардио, јога, но истакнала дека она што го променило нејзиното тело е – боксот!

Признала и дека два пати месечно оди на лимфна дренажа.


Таа се грижи за исхраната, претпочита намирници од растителна основа и се труди 50% од нејзиниот дневен внес да се состои од овошје и зеленчук. Вели дека најмногу консумира леќа, интегрален ориз, грав, суво овошје, јаткасти плодови … Секој ден пие и по три литри вода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk