Фудбалерот на Франција ја изневери сопругата на најужасен начин - пред целиот свет: Љубовницата објави негови голи фотографии, реакцијата од сопругата никој не ја очекуваше

Супермен

18/06/2024

13:39

18.886

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Франција вчеравечер ја победи репрезентацијата на Австрија на Европското фудбалско првенство кое годинава се одржува во Германија и ќе трае од 14-ти јуни до 14-ти јули.

Во екипата на Французите е Оливие Жиру (38), кој на теренот е познат како тимски играч, а надвор од теренот како не баш верен маж поради аферата која беше разоткриена во 2014 година. Тоа се случи 3 години откако се ожени со Американката Џенифер.


Оливие летово со семејството ќе се пресели во Америка бидејќи по Милан ќе го носи дресот на ФК Лос Анџелес. На Светското првенство во Катар, фудбалерот стана најуспешен стрелец на Франција на сите времиња. Познатиот француски фудбалер Тиери Анри го опиша Жиру како исклучително способен да соработува со останатите членови на офанзивниот дел на тимот.

Тој е великодушен кон соиграчите на теренот, но не беше толку добар соиграч кон својата сопруга.


Оливие и Џенифер се венчаа во 2011 година. По венчавката главно живееја во Лондон. Г-ѓа Жиру не сака толку да биде во очите на јавноста, не е активна на социјалните мрежи, но под сила на околности беше во центарот на скандал во 2014 година.

Таа година беа објавени шокантни фотографии од славниот Французин кој пред мечот на Арсенал за кој играше од 2012 до 2018 година, беше виден како влегува во хотел со девојка по име Селија Кеј, која подоцна на медиумите им ги даде неговите фотографии на кои носи само долна облека. Таа објави и видео од бањата во хотелот, покажувајќи како изгледа во провокативно издание.


Фотографиите и видеото предизвикаа голем скандал, а насловните страници ја пренесоа фотографијата од голиот фудбалер. Жиру изјави дека направил грешка, но додал дека навистина не ја изневерил сопругата, односно дека немал сексуални односи со Кеј. Многумина не му веруваа.

„Им се извинувам на мојата сопруга, семејството и пријателите, мојот менаџер, соиграчите и навивачите на Арсенал, сега морам да се борам за моето семејство и мојот клуб и да добијам прошка. Ништо друго не е важно во моментов“, напиша тој на тогашниот Твитер.

Џенифер Жиру не го коментираше јавно скандалот, но остана во брак со него, иако многумина очекуваа поинаква реакција. Парот има 4 деца. Тие ја добија ќерката Џејд во 2013 година. Синот Еван се роди во 2016 година. Две години подоцна го добија синот Арон, а потоа и ќерката Арија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk