Пред 5 дена го покани Ѓоковиќ на интервју, а сега брутално го прозва: Лицемерието на контроверзниот британски новинар пробива граници

Супермен

15/07/2024

18:20

15.743

Големина на фонт

а а а

За само неколку дена познатиот британски новинар Пирс Морган го промени начинот на кој зборува за Новак Ѓоковиќ.

Од јавната покана до српскиот тенисер за интервју (10 јули), Морган брзо стигна до провокации по неговиот пораз во финалето на Вимблдон (14 јули).


За потсетување, Пирс Морган е некој кој често знае да го искритикува Ѓоковиќ и неговите потези, но во еден момент ја призна грешката и рече дека „омекнал“ за некои прашања поврзани со српскиот тенисер.

Пред почетокот на Вимблдон тој направи интервју со Ник Кирјос, а во таа прилика Австралиецот сериозно го пофали Ѓоковиќ. Неколку дена подоцна, односно откако Новак го прекина разговорот со новинарот на „BBC“, Морган се огласи на социјалната мрежа „Х“.

„Ѓоковиќ оваа година е идиот на Вимблдон и јас сум тука за тоа. Тој заслужува повеќе почит од она што го добива, како од навивачите така и од медиумите, очигледно е уморен да се преправа дека е во ред со тоа. Ајде да направиме интервју Новак, јас нема да те третирам како другите“, напиша Морган тогаш.

Меѓутоа, откако Новак загуби од Карлос Алкараз во финалето на третиот Гренд слем во сезоната, новинарот ја сврте плочата.

„Не се случува често да го видите Новак вака „наполнет“. Му честитам на Карлос Алкараз и ајде да ги извадиме виолините за Новак“, напиша контроверзниот Британец на „Х“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk