[ФОТО] Виктор е само еден од 50-те луѓе во Србија кои го работат ова: Ризична професија од која се заработуваат и 1.000 евра дневно!

Супермен

05/08/2024

14:14

12.890

Големина на фонт

а а а

„Поставивме алуминиумска бина, работевме на еден фестивал во Република Српска. Одеднаш започна катастрофален ветер, се најдовме во епицентарот на суперклеточна бура, седевме во ладата … Ветарот ја удри бината, продолжи да стои, по вториот налет на ветерот дрвото покрај нас падна, а бината за некое чудо остана недопрена!“

Виктор Миловановиќ (27) од Пожаревац, кој се занимава со една од најризичните професии своето искуство го споделил со српски „Курир“.

Тој всушност, е еден од 50-те арборари (дрвосечач), колку ги има во цела Србија. Освен тоа се занимава и со индустриски алпинизам.

Неговата дневница се движи од 100 па сè до 1.000 евра.


Го бараат луѓе од цела Србија, а најчесто со опрема тешка и преку 15 килограми сече дрвја или гранки кои го загрозуваат домаќинството. Еден е од ретките во оваа земја кој има меѓународна сертификација за пристап и работа преку индустриски алпинизам, бил ангажиран и во одредени работи на Белградската кула, како и на Авалската кула за поправка на прозорци.


„Оваа професија е една од најризичните во светот, арборист, буквално ја работи работата на дрвосечач која е потполно ризична, но на самото стебло. Арбористот сече околу себе и над себе, го сече дрвото на самото дрво над себе. Покрај ризикот по луѓето долу, имотот и опремата, тој има голем ризик по себе. На голема надморска височина, поради лош засек на дрвото, ветрот може да го заврти дрвото така што кога ќе почне да паѓа да направи делетација, да се заротира, да удри човек и направи хаварија“, објаснува Виктор.

Израснал, вели, во шума, работел со стебла, иако дипломирал на Криминалистичко-полицискиот универзитет во Земун – љубовта кон височините победила. Во тие води се впуштил во 2021 година.


„Арборизмот е секогаш голем ризик кога имаме распуштена почва, а дрвјата одат над 20 метри. Бидејќи, колку и да е добро јажето, поставеноста, работата на самото дрво, поради растреситата земја, дрвото секогаш е нестабилно. И може да се случи она што ние го имаме замислено, отстапување од реалната изведба. Луѓето најчесто се јавуваат кога дрвјата се прилично големи, високи и загрозувачки по имотот. Секогаш е нешто над куќата, над покривот, навалено стебло …“, вели соговорникот.

Тој исто така ги обликува стеблата, ги отстранува врвовите, покрај тоа што ги мие и стаклените површини на недостапни места, ги чисти и одзатнува олуците, вертикалите, а поставува и телекомуникациски антени.


Не е за оние со „слабо срце“

Виктор, имено, не им препорачува на оние кои имаат акрофобија да се пробаат во арборизам:

„Имавме еден колега, но тој работеше затоа што мораше. Нему му се случуваше да се занесе малку кога се качуваше, па доаѓавме покрај него да го смириме. Ќе се „собереше“ малку и ќе слезеше. На прашањето зошто го работи ова доколку му пречи, секогаш одговараше дека мора. Мене ова ми е класична работа, исто ми е и кога сум на 30 и на 100 метри, на почетокот беше малку поинаку.“


Качувањето на дрво изгледа како вистинска авантура

„Основна е проценката на ризик, потоа следи поставувањето. До стеблото може да се пристапи на повеќе начини, во зависност од ситуацијата. Со помош на јаже за качување (се врзува за стапалото и шилецот се втурнува во дрвото), јажиња, гуртни …


Опремата е тешка околу 15 килограми, истата вклучува и моторна пила, јажиња за качување, кацига итн. … Имаме работа, имаме редовни клиенти кои работат проактивно и тоа е најпаметно. Луѓето се исплашија по појавата на суперклеточните бури и ја започнаа оваа превентивна пракса“, навел Виктор.



Што се однесува до заработката, таа варира од 100 до 1.000 евра дневно:

„Доколку пристапот е покомплициран, квадратурата е поскапа. Во принцип, олуците почнуваат од 150 евра, кога се работи за комерцијални ангажмани, заработката е поголема. Особено што арбористот секогаш е придржуван од техничар и физикалец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk