[ФОТО] Најголемите фраери на Холивуд на црвениот тепих во Венеција: Бред Пит ја покажа 29 години помладата девојка

Супермен

02/09/2024

09:54

10.748

Големина на фонт

а а а

Петтата вечер на 81-от Филмски фестивал во Венеција беше одбележана со појавувањето на омилените холивудски актери - Бред Пит и Џорџ Клуни.

Актерските легенди се појавија на премиерата на филмот „Wolfs“, ТВ остварување од кое се очекува многу, со оглед на тоа дека во него се вложени 200 милиони евра.

Но, да се вратиме на дуото кое по 16 години глуми во ист филм...


И додека Клуни за оваа прилика одбрал класично црно одело со пеперушка, Пит одлучил малку да кокетира со машките модни трендови.

Тој носел елегантно црно сако во комбинација со интересни панталони. Имено, актерот носел „ѕвонарки“, парче облека кое во текот на 70-те години на минатиот век беше многу популарно.


Изгледа дека холивудскиот фраер повторно го врати во мода едно од најомразените парчиња облека - а ние мораме да констатираме дека совршено му прилега.

„Убаво друштво на црвениот тепих“

Големо внимание кај фотографите привлекоа и поубавите половини на актерите. Џорџ Клуни се прошета на црвениот тепих во друштво на својата прекрасна сопруга Амал Клуни, а за време на фотосесијата за странските медиуми не можеше да ја сокрие големата љубов која ја чувствува кон жената на својот живот.


Така настанала и оваа фотографија...


Што се однесува до Бред Пит, негова избрана придружничка на настанот била неговата 29 години помлада девојка Инес де Рамон. Изгледа дека нивната љубовна врска достигнала ново ниво, бидејќи сега заедно зачекорија пред фотообјективите и со тоа ставија до знаење дека се лудо вљубени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk