[ВИДЕО] Роналдо на раб на солзи го прослави новиот гол, а зад сè се крие трогателна причина: „Ми беше тешко да бидам број еден, а тој да не види ништо...“

Супермен

01/10/2024

10:41

27.423

Големина на фонт

а а а

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо синоќа постигна уште еден гол за Ал-Наср, но прославата на голот беше поемотивна од претходно. Тој ја посветил на неговиот починат татко.

Роналдо го постигна вториот гол за Ал-Наср во победата од 2-1 над Ал-Рајан во вториот натпревар од овогодишното издание на азиската Лига на шампиони. Претходно Садио Мане ја доведе саудиската екипа во водство.

Португалецот постигна прекрасен гол со лева нога, а додека го прославуваше голот, го обзедоа емоции и на работ на солзи покажуваше кон небото. На крајот од натпреварот откри за што се работи.

Впрочем, вчера таткото на Роналдо, со кого не ни разговарал, да беше жив ќе го прославеше својот 71-ви роденден.

„Денешниот гол има поинаков вкус и посакувам татко ми да беше жив бидејќи му е роденден. Беше тежок натпревар, но успеавме да победиме. Уживам во фудбалот бидејќи знам дека не ми преостанува уште многу време“, објасни Роналдо.

Хозе Динис Авеиро, таткото на славниот португалски фудбалер, почина во 2005 година од откажување на црниот дроб по долгогодишна борба со алкохолизмот. Тој почина две години откако Роналдо премина во Манчестер Јунајтед и со тоа ја започна големата фудбалска приказна.

Во интервју со Пирс Морган, Роналдо откри дека не ни разговарал со својот татко, кој починал кога фудбалерот имал само 20 години.

„Навистина не го познавам татко ми 100 проценти. Тој секогаш беше пијан. Никогаш не разговарав со него или имав нормален разговор. Ми беше тешко. Да бидам број еден, а тој да не види ништо, да не види во што прераснав. Беше навистина тешко“, изјави претходно Роналдо.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk