Ал Пачино вели: Во детството го повредив половиот орган, а таа траума сè уште ме прогонува

Точка

18/10/2024

15:58

952

Големина на фонт

а а а

Ал Пачино објави мемоари „Sonny Boy“, во кои помеѓу останатото, пишува и за повредата на пенисот што ја добил како дете, и вели дека тоа било едно од најсрамните искуства во неговиот живот.

Во книгата Пачино го опишува своето израснување во јужен Бронкс во Њујорк. „Бев како мачка со повеќе од девет животи. Имав повеќе незгоди и несреќи отколку што можат да набројам“, вели актерот и откри како се здобил со повредата на половиот орган.


„Одев по тенка железна ограда, танцував на јаже. Цело утро врнеше дожд и јас се лизнав и паднав, а железна шипка ме удри директно помеѓу нозете“, пишува Ал Пачино.

Имал голема болка

Пачино се потсети дека болката била толку голема што едвај се движел низ куќата. „Еден постар човек ме виде како воздивнувам на улица, ме зеде и ме однесе во станот на тетка ми“, вели Пачино и додава дека таму чекал да дојде лекар во домашна посета.


„Лежев на креветот со целосно спуштени панталони додека три жени, мајка ми, тетка ми и баба ми го боцкаа мојот полов орган полупанично. Мислев, Боже, те молам земи ме сега, додека ги слушав како шепотат една со друга додека ме прегледуваа“, раскажува тој.


Тој вели дека гениталиите му „останале на своето место“, но дека е истрауматизиран поради настанот. „Помислата на тоа ме прогонува до ден-денес“, рече тој.

Во мемоарите открива многу детали од детството

Мемоарите вклучуваат повеќе спомени од детството на Пачино. Покрај несреќите на маалските огради, тој го опишува времето поминато крадејќи храна и правејќи бројни акробации како деца. „Палавоста и бегањето нѝ беа забава“, додаде тој.


Ал Пачино на 83 годишна возраст го доби синот Роман, а во текот на промоцијата на мемоарите зборуваше за татковството на таа возраст и детето. „Сè што прави ми е интересно. Значи ние зборуваме. Свирам усна хармоника кога сме на видеоповик и воспоставивме таков контакт, значи забавно е“, објасни тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг