Доналд Трамп за љубовниот живот на синот Барон (18): „Мислам дека никогаш немал девојка“

Точка

18/10/2024

17:18

507

Големина на фонт

а а а

Барон Трамп (18), најмалото дете на Доналд Трамп, започна со факултетот оваа есен. Се запишал на Универзитетот во Њујорк („NYU“), на „Stern School of Business“ – една од најдобрите бизнис школи во земјата, а на првите предавања тој пристигна опкружен со обезбедувањето.


„Не му пречи тоа што е сам“

Доналд во поткастот „PBD“ зборуваше за љубовниот живот на син му, и кажа дека Барон никогаш немал девојка.

„Не сум сигурен дека е во таа фаза од животот. Мислам дека сè уште немал девојка“, кажа Трамп и додаде дека Барон е многу интелигентно, добро момче и одличен ученик.


„Не му пречи тоа што е сам, но исто така тој е некој кој навистина добро се снаоѓа со луѓето“, додава Доналд.

Додека студира на „NYU“, Барон живее сам во пентхаус во Њујорк. „Тоа беше негова одлука да студира во Њујорк и да живее во стан и јас го почитувам тоа“, рече Меланија, која вели дека Барон одлично се снаоѓа на факултетот.

„Ги сака предавањата и професорите. Добро му е, напредува и ужива во престојот во Њујорк“, изјави Меланија за емисијата „The Five“ на „Fox News“.


Го следи тајната служба

Секој чекор на Барон во Њујорк го следи Тајната служба. Пол Еклоф, поранешен агент на Тајната служба кој ги штител Џорџ Буш, Барак Обама и Трамп, објасни за „The Independent“ дека целта на агентите на Тајната служба е „што помалку да го нарушат неговото студентско искуство обезбедувајќи му ја најсилната можна безбедносна заштита“.


Еклоф изјави дека Барон ја посетува наставата на „NYU“ во време кога социјалните медиуми претставуваат поголем ризик од кога било, како за неговата безбедност така и за приватноста. „Тајната служба мора да ги следи социјалните мрежи. Да речеме дека детето на претседателот е на забава и некој објави негова слика. Сега неговата локација е објавена на социјалните мрежи и тој може да стане мета. Тоа може да ги загрози“. – објасни Еклоф. Инаку агентите ќе бидат облечени во цивилна облека и ќе настојуваат да бидат што е можно понезабележителни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг