Оваа реченица ќе ја уништи и најцврстата љубовна врска: Дали ја употребувате?

Точка

19/10/2024

16:31

14.004

Големина на фонт

а а а

Според експертите, постои една фраза која е особено штетна и на многумина им е тешко да закрепнат откако ќе ја слушнат, дури иако по расправија и вообичаеното извинување сè изгледа како да е во ред.

Дури и во најздравите и најсреќните љубовни врски, конфликтите можат да ја изнесат на површина најгрдата страна на човекот. Во таквите моменти, многумина од нас кажуваат работи кои всушност не ги мислиме и кои не се одраз на нашите вистински чувства, притоа повредувајќи ги нашите партнери. Истовремено, и ние самите чувствуваме дека не сме разбрани и многу брзо ни станува јасно дека ништо не сме постигнале со расправии. Секој доживеал таква фрустрација во одреден момент од животот, пишува „Huffington Post“.


Честопати, ваквите непријатни ситуации се решаваат откако партнерите со „ладна глава“ ќе си кажат „извини“, продолжувајќи понатаму со врската. Сепак, според еден експерт, психологот д-р Џефри Бернстајн, постои една фраза која е особено болна и многу луѓе тешко заздравуваат откако ќе ја слушнат, дури иако по расправијата и вообичаеното извинување изгледа како се да е во ред.

Според Бернстајн, најлесниот начин да го скршите срцето на вашиот партнер е да му кажете: „Не ми е гајле“.


Пишувајќи за „Psychology Today“ психологот детално ја објасни својата теорија. „Фразата „Не ми е гајле“ ја намалува важноста на чувствата на другата личност и имплицира дека нејзините проблеми или емоции не се важни. Доколку на тој начин го прекинувате разговорот, вашиот партнер може да доживее чувство на намалена вредност и оддалеченост. Но доколку го промените тоа, и почнете да применувате подобри комуникациски навики, можете да го одбегнете овој штетен образец“, вели докторот Бернстајн.

Наместо да одговарате на провокациите со оваа фраза, Бернстајн препорачува да застанете, размислете и да се запрашате на кој начин треба да комуницирате за да ја поправите врската со партнерот, наместо да создадете меѓусебен јаз. Смиреноста во тој конкретен моментот може да звучи како вистински предизвик, и навистина е но таа секунда пауза може да ја намали шансата да го повредите вашиот партнер.


Зборувајќи за „Psych Central“, Брајан Винд, клинички психолог и помошник професор на Универзитетот Вандербилт во Тенеси, ја потврдува теоријата на Бернстајн. „Запрашајте се како всушност сакате да го обликувате она што планирате да го кажете. Тоа го забавува темпото ви помага да се смирите и ја зголемува шансата дека ќе бидете сослушани. Големи се шансите дека всушност навистина се грижите за вашата врска, па затоа е клучно да избегнете да го кажете спротивното“, вели Винд.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk