Јанаина Празерес е прогласена за една од најубавите жени на светот, а во неодамнешното интервју за странските медиуми направи листа со барања за идните додворувачи. Таа истакна дека најважниот услов е мажот да биде подготвен целосно да ги плати нејзините процедури за убавина, кои изнесуваат дури 4.000 фунти месечно.
Јанаина исто така не сака кога мажите живеат со своите родители, верувајќи дека тоа кажува многу за нивната зрелост или подобро кажано, незрелост.
„Едноставно е, мажот кој не може да го напушти семејниот дом и родителите нема доволно самодоверба и емоционална зрелост за сериозна врска“, зборувала таа и додала:
„Тешко е да се изгради сериозна врска со некој кој не сака да излезе од својата комфорна зона. Не сум тука за да одгледам дете. Барам вистински партнер. Изгубив многу време и пари во врски кои не ми успеваа. Толку многу се грижев за себе, за својот изглед, за мојата гардероба … Одев на тренинзи за да останам совршена за нив“.
Таа исто така опиша каков тип на момци и се допаѓаат:
„Сакам мажи со брада – силни и моќни кои имаат модерен изглед“.
Иако многумина ги критикуваа нејзините барања како превисоки и нереални, Празерес не гледа ништо лошо во тоа. Згора на тоа, таа тврди дека тоа е стандард кој го следи нејзиниот животен стил и вредности.
Да потсетиме дека норвешкиот „Плејбој“ ја прогласи за „совршена жена“ поради нејзините пропорции на телото, иако таа отиде под нож на само 18 години.
Досега, Празерес има направено три операции на нос, две операции за реконструкција на носот, четири операции за липосукција, кревање лицето, липосукција и подигнување на усните, три работи за реконструкција на градите, четири работи за отстранување маснотии од вратот и ребрата, ботокс на секои три месеци и многу други третмани и пластични операции, пишува „Супержена“.