Непопуларно мислење – Мејсон Гринвуд би бил како Џуд Белингем?!

Точка

10/06/2025

16:51

690

Големина на фонт

а а а

Лошото момче имаше блескава сезона зад себе.

Јамајканскиот напаѓач Мејсон Гринвуд одигра многу добра сезона во дресот на Олимпик Марсеј и ја заврши како најдобар стрелец во Лига 1, заедно со Усман Дембеле.

Не треба да се нагласува колкав потенцијал имаше Мејсон кога како дете се појави во дресот на Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ го идолизираа со причина, но потоа исто така го критикуваа и осудуваа за случувањата надвор од теренот кога беше обвинет за силување и физичко малтретирање на неговата тогашна партнерка.


Од тогаш, неговата кариера доби сосема поинаков тек од оној што беше најавуван. Беше предмет на осуди, се провлече и замина во Шпанија, каде што заигра за Хетафе. Оживувајќи ја кариерата во предградието на Мадрид, Мејсон Гринвуд го прифати повикот од Роберто де Зерби и Олимпик Марсеј, па минатото лето се пресели во овој француски пристаништен град во трансфер вреден повеќе од 30.000.000 евра.

Постигна дури 21 гол во дебитантската сезона, а можеше да бидат и повеќе доколку работеше колку што требаше. Роберто де Зерби неколку пати го критикуваше, но и го пофали за неговиот чудесен талент. Сега истото го прави и неговиот соиграч Адриен Рабио, кој дури го спореди со Џуд Белингем, истакнувајќи дека имиџот што Гринвуд го стекнал во јавноста е единственото нешто што го спречило да достигне височини.


„Да ги немаше сите тие проблеми, мислам дека ќе имаше слика како Џуд Белингем. Мејсон ќе беше ѕвезда. Тој е неверојатен играч. Може да постигнува голови со десна, со лева. Има извонреден шут, може да дрибла … Многу сме среќни што го имаме. Кога е навистина фокусиран, може да направи големи работи“, констатира Рабио.