Не бил корисен во компанијата, па добил отказ: Сега заработува 70.000 евра – не правејќи ништо!

Супермен

10/06/2025

19:49

1.801

Големина на фонт

а а а

Кога Шоџи Моримото бил отпуштен од компанијата во 2018 година, неговиот работодавец го критикувал поради „недостаток на иницијатива“, тврдејќи дека „не прави ништо корисно“.

Денес, Моримото има 41 година и изградил профитабилна кариера. Се покажало дека гореспоменатите критики всушност биле клучот за неговиот успех.

Барањата се разновидни

За што се работи? Едноставно кажано, Моримото изградил кариера не правејќи ништо! И токму по тоа е познат во неговата родна Јапонија, како „човек за изнајмување кој не работи ништо“.

Работата вклучува правење друштво на странци, кои сакаат некој да биде со нив, за речиси сè, според „CNBC“.


Барањата се разновидни. Еднаш чекал на целта на маратон, друг пат се јавил на интерфонот додека клиентка ја средувала својата соба, а неодамна бил придружба за непозната жена на концерт.

Без оглед на тоа дали задачите се смешни или секојдневни, Моримото едноставно се појавува и практично ништо не прави. Сексуалните услуги, сепак, не се дел од понудата.


Имало и тешки задачи

„Се најдов во објективно тешки ситуации, како што се стоење во ред под жешкото сонце, стоење со часови на студ, одење на забави со странци и стоење на сцена пред публика. Сепак, без оглед на непријатностите што ги доживеав, ја сметам оваа работа за посебна и ја ценам“, реко таткото на седумгодишно дете.

Една од неговите најдолги задачи била 17-часовно патување на истата железничка линија – од рано наутро до последното поаѓање!

„Направивме 13 круга на линијата Јамамото“, открил тој за локалните медиуми.


„Емоционална поддршка“

Моримото често добива барања едноставно да ги слуша луѓето кои имаат лош ден. Кога станува збор за разговор, тој нуди само основни одговори. Најчесто кима со главата и слуша внимателно, но избегнува да се однесува како терапевт.

Тој се сеќава и на необични барања – како жена која му платила да седи во аголот на кафуле, додека таа му ги доставува документите за развод на својот сопруг. Сè поминало непречено, а жената рекла дека присуството на позната личност ѝ дало дополнителна доза на храброст.

Неговото присуство делува како еден вид „емоционална поддршка“, привремено помагајќи им на луѓето кои се чувствуваат непријатно во одредени социјални ситуации.

„Постојат многу различни омилени моменти во овој бизнис – кога добивам СМС-порака со понуда, кога се запознавам со клиент, кога го следам на непознати места, слушајќи нечија приказна … и сум среќен во секој од тие моменти“, рекол тој.


Која е тарифата?

Тој вели дека добива околу 1.000 барања годишно и им дозволува на клиентите да одлучат колку сакаат да му платат.

Порано наплаќал фиксна цена од 10.000 до 30.000 јени (65 до 195 долари) за сесија од два до три часа, а минатата година заработил околу 80.000 долари (околу 70.000 евра).


Тој открива дека во 2024 година вовел модел „плати колку што сакаш“. Иако нема официјална статистика за индустријата „луѓе за изнајмувања“, Јапонија е позната по широкиот спектар на вакви услуги – од изнајмување девојки и момчиња до пријатели и членови на семејството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk