Дваесет и шестгодишниот бразилски државјанин Џон Влогс, еден од најпознатите јутјубери во светот, е уапсен на Хвар, Хрватска, откако тој и неколку негови пријатели учествувале во нарушување на јавниот ред и мир пред клубот. Веста за неговото апсење веќе се прошири и низ бразилските медиуми.
Инцидентот пред клубот „Пинк шампањ“
Сè се случило во текот на ноќта помеѓу недела и понеделник, околу три часот наутро, во клубот „Пинк шампањ“, кој се наоѓа во непосредна близина на полициската станица.
Според наводите, друштвото кое било со Џон Влогс (вистинско име Луан Коварик) почнало да прави проблеми во клубот. Откако испиле голема количина алкохол, тие почнале да ги соблекуваат маиците и да кршат чаши, за што обезбедувањето ги предупредило и ги испратило до излезот.
Удрил полицаец во око
По пристигнувањето на полициската патрола, се случил уште поголем инцидент. Пијаните мажи се туркале со полицајците, а во еден момент, Влогс удрил полицаец од Хвар со тупаница во пределот на окото. Веднаш против него биле употребени принудни мерки, а покрај него, биле приведени уште тројца негови пријатели.
Jon Vlogs é PRESO na Croácia com os seus amigos, após se envolverem em confusão em uma balada. pic.twitter.com/WOOm7Es8ZC
— Piu Ramos (@Bella_usabr) June 9, 2025
Полицаецот претрпел полесни повреди, а кај Влогс, утврдено е дека имал повеќе од 1 промил алкохол во крвта. Другите учесници во инцидентот исто така биле под дејство на алкохол, а еден од нив имал дури 2,2 промили.
Апсење
Бразилецот во текот на денот бил приведен во Сплитско-далматинската полициска станица, каде што против него била спроведена кривична истрага. Во текот на вечерта, тој ќе биде предаден на надзорникот на притворот поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз службено лице.
Покрај тоа, тој е казнет и со парична казна за навреда на полицајци и соблекување на јавно место.
Во меѓувреме, на Јутјуб е објавено видео со наслов „Џон Влогс уапсен по конфронтација со полицијата во Хрватска“, на кое се гледа група млади мажи кои се собираат пред клуб и фотографија од Влогс додека седи во полициска станица опкружен со двајца полицајци.
Неговиот пријател Хенрике Силва, попознат како Фонтинел, ги пренел деталите од инцидентот во живо на социјалната мрежа Икс (порано Твитер).