Ванда Нара, поранешната партнерка на Мауро Икарди, повторно е во жижата на јавноста, откако беше фатена како ужива на луксузна јахта и тоа без горниот дел од бикини.
Ванда Нара, овојпат беше „уловена“ од страна на папараците на јахтата додека позира без горниот дел од бикини. А бикини, самото по себе, е познато по тоа што се гледа сè, а сепак не се гледа ништо...
Еве во каква состојба ја фатија Ванда светските папараци: оваа 38-годишна „дама“ отсекогаш знаеше како да остане на површината на медиумскиот живот, и по изгледот, и по контроверзните изјави. Меѓутоа, Ванда е сè, само не невина, бидејќи Мауро Икарди, наводно, го изневерила дури 36 пати, а Икарди еднаш објави и список на потенцијалните „жртви“. Ванда со Икарди има три деца, но ги изгубила поради неколку докажани изневерувања од страна на Аргентинскиот суд. Се разбира, тоа не е сè. Неверната, сега веќе поранешна сопруга на Мауро Икарди, призна дека го изневерила со поранешниот соиграч Кеита Балде, но се зборува дека на Балде му купила два луксузни часовници со пари од сметката на нејзиниот сопруг.
Ситуацијата ескалираше откако Ванда изјави следново: „Мауро има видео снимки со кои ме уценува, заканувајќи ми се дека ќе објави интимни снимки со мене. Му верував, а нашата куќа секогаш беше полна со камери.“
Со оваа изјава, Ванда направи проблем и за Икарди, и за Кеита Балде, кој ѝ се извини на својата сопруга, Симона Гватиери, за неверството што го направил.
Веројатно се прашувате како реагираше сопругата на Балде на информацијата за неверството? Не би поверувале, ох, колку само не би поверувале...
„Не сакам на никаков начин да го бранам мојот сопруг, но можам да разберам дека имал момент на слабост. Нара е многу добра во тоа да го убеди да се види со неа, да му пријде на пријателски начин. Најлошата работа во целото неверство беше желбата на Икарди и Ванда да го мијат својот валкан „долен веш во јавноста.“
Врвот на сè беше кога челниците на Интер му побараа на Икарди да се откаже од својот агент (Ванда Нара) и му ја одзедоа капитенската лента, поради тоа што неговата партнерка даваше изјави во јавност.