„Amazon“ планира да го намали бројот на корпоративни вработени во наредните години заради забрзаната примена на генеративната вештачка интелигенција во деловните операции.
Оваа „бомба“ ја фрлил директорот Енди Џаси во порака упатена кон вработените на компанијата.
Џаси објаснил дека AI технологијата ги заменува „Amazon“ сервисите, инфраструктурата и интерните процеси, потврдувајќи дека зголемената автоматизација безобѕирно ќе влијае на бројот на работните места.
Користењето на вештачката интелигенција, особено на генеративните технологии, овозможува автоматизација на рутинските задачи и создавање нови типови работа додека некои постоечки ќе станат целосно непотребни.
Компанијата веќе имплементирала над 1.000 генеративни AI алати и апликации, а уште повеќе ќе се развијат низ „Alexa“, малопродажбата и рекламирањето. Овие алатки вклучуваат попаметен гласовен асистент, AI функции за купување и напредни развојни алатки за тренирање и имплементирање на AI моделите.
„Amazon“ AI асистент користат десеттина милиони луѓе ширум светот, додека пак половина милион продавачи користат AI поддршка за оптимизација на своите огласи. Интерно, генеративната вештачка интелигенција се применува и во подрачјата како што се управување со залихи, прогнозирање, роботика и четботови за корисничка поддршка.
Џаси директно признал дека преминувањето на вештачката интелигенција ќе го смени начинот на работа во „Amazon“, што драстично ќе го намали бројот на вработени за одредени корпоративни позиции. Не прецизирал кои одделенија ќе бидат погодени ниту кога тие намалувања би можеле да се случат, но јасно ставил до знаење дека компанијата ќе има потреба од помалку луѓе за претстојните работи.
„Како што имплементираме повеќе генеративна AI и агенти, така тоа ќе го смени начинот на којшто нашите работи се одвиваат“, изјавил Џаси без влакна на јазикот и додал:
„Ќе ни требаат помалку луѓе кои работат на некои од работите кои ги извршуваат денес, а повеќе луѓе кои работат на други видови работи“.
Извршниот директор го истакнал потенцијалот на генеративните AI агенти, систем на способни извршувања на сложени задачи во име на корисникот, како централна компонента на стратегијата на „Amazоn“. Овие агенти ќе ги заменат вработените со автоматизирање на задачите, како што се истражувања, пишувања на кодови и генерирање на увидот.
„Amazon“ сака да функционира како најголем стартап на светот, а според зборовите на Џаси тоа подразбира брза иновација, помалку тимови и зголемена сопственост на сите нивоа.