[ФОТО] Синот на кошаркарската легенда не мирува: Во сабота бакнува една, во недела друга, а сè поради поранешната девојка

Точка

19/06/2025

17:06

1.312

Големина на фонт

а а а

Синот на кошаркарска легенда нема намера да се смири, по бурното раскинување брзо нашол утеха во нова девојка.

Синот на Мајкл Џордан, Маркус Џордан (34), честопати е тема на медиумите поради неговиот бурен љубовен живот.


По неговите разни скандали, на крајот ја раскина бурната двегодишна врска со ријалити ѕвездата Ларса Пипен (50), но не му требаше долго време за да пронајде утеха.

Тој неодамна бил забележан во Мајами во многу интимна прегратка со новата девојка Ешли Стивенсон, за која се вели дека има необична сличност со неговата поранешна. Меѓутоа тоа се случило во сабота, а веќе во недела Џордан се впуштил во нова авантура.



Имено Маркус повторно бил на плажа, но со друга девојка. Овој пат, се бакнувал со извесна Ара, која исто така наликува на Ларса.

Двојката разменувала бакнежи во океанот, не грижејќи се за погледите на другите, а брзите папараци веднаш ги „фатиле“.





Иако Ларса ја нарекуваат кралица на скандалите, се чини дека таа титула сега му припаѓа на Маркус, кој толку многу страда без неа што „секој ден“ има нова девојка која наликува на неа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk