Јаник Синер и Ига Швјонтек ги освоија трофеите на Вимблдон, после користење допинг и суспензија.
Овогодишниот, 138 по ред Вимблдон, заврши со финалето во машки сингл.
Јаник Синер го совлада Карлос Алкарас со 3:1 и така првпат во кариерата се закити со титулата на Вимблдон.
Меѓутоа, овогодишниот Вимблдон ќе остане запаметен и како „допинг Вимблдон“ поради тоа што победниците во сингл конкуренција до пред некој месец биле суспендирани поради земање недозволени средства.
Полската тенисерка Ига Швјонтек минатата година паднала на допинг тестот. Оваа информација била објавена од страна на Меѓународната единица за интегритет (ITIA), истата организација која претходно била задолжена за случајот на Јаник Синер.
Се наведува дека Ига била позитивна на забранета супстанција триметазидин (TMZ).
Истрагата на ITIA покажала дека примерокот бил позитивен на контаминација на стандардната медицинска терапија која оваа тенисерка ја земала.
Поради тоа, слично како и во случајот на Синер, донесена била одлука моментално втората тенисерка на планетата да не сноси директна вина за позитивниот тест.
Таа во своја одбрана истакнала дека не земала намернo TMZ. Објаснила дека нејзиниот доктор, инаку експерт по спортска медицина ѝ го препорачал лекот којшто ќе ги намали негативните ефекти од џет-легот поради константни патувања, а дека таа не знаела дека тој лек ја содржи спомнатата забранета супстанција.
Ига привремено била суспендирана од 12 септември до 4 октомври, после што уважена ѝ била жалбата. На крајот суспензијата била изречена на еден месец поради што пропуштила три турнири.
Јаник Синер двапати во Калифорнија во март минатата година бил позитивен на клостебол, анаболичен стероид којшто помага во раст на мускулите, ја зголемува силата и моќта, генерално перформансите.
Првиот играч на светот, наводно ништо не знаел за тоа, но ги прифатил резултатите од тестовите, поднесувајќи жалба и обидувајќи се да ја докаже невиноста.
Во тоа успеал, поради тоа што независниот суд го ослободил од одговорноста. Него, како и физиотерапевтот којшто во текот на масирањето му ја внел спомнатата супстанција во телото.
Синер во текот на интервенциите имал исекотини на телото, така што по пат на кремата која содржела клостебол, таа супстанција завршила во неговиот организам.
Синер на 15 февруари бил суспендиран на три месеци.