[ФОТО] На овој прекрасен остров ви ги враќаат парите доколку заврне додека сте на одмор – толку се сигурни во своето сончево небо

Супермен

14/07/2025

16:13

1.851

Големина на фонт

а а а

Овој медитерански остров гарантира дека нема да врне дожд, а доколку тоа се случи, од хотелот во којшто ќе престојувате ќе ви ги вратат парите за сместување.

Една работа која не може да ја гарантирате додека сте на одмор е времето, освен доколку престојувате на еден италијански остров.

Елба, на крајбрежјето на Тоскана, толку е сигурна во своето сончево небо што нуди поврат на пари на туристите за нивниот престој во хотел доколку врне во текот на нивниот одмор.

Кампањата „Елба без дожд“ била започната пред неколку години, а хотелиерите им ветуваат на гостите дека ќе им ги вратат парите за ноќевање доколку врне дожд подолго од два последователни часа.


„Ситни работи“ кои треба да се земат предвид

Понудата важи само до 31 мај, а потоа од 15 септември до 31 октомври и се зема предвид само доколку дождот врне повеќе од два часа последователно меѓу 10 и 20 часот. Исто така појадокот и вечерата не се вклучени во рефундирањето на средствата.

Инаку, положбата на овој остров е таква што времето брзо се менува и се појавуваат јаки ветрови кои носат облаци. Дури и доколку почне да врне, ретко кога дождот паѓа подолго време.

„Во последните пет години во април и мај имавме само два дена со повеќе од два часа дожд во текот на денот“, изјавил за „NYT“ Клаудио Дела Луцио, помошник менаџер за туризам на островот.

Островот Елба се наоѓа веднаш до крајбрежјето Тоскана во Италија и е еден од најголемите италијански острови и дел од Националниот парк Тоскански архипелаг.

Покрај прекрасните медитерански плажи, Елба е познат и по импресивните тврдини и минерални бањи.


Доколку врне дожд, не плаќате ноќевање

Годинава во кампањата „Елба без дожд“ учествуваат 14 објекти на островот, од луксузни хотели до кампови. Потребно е да испратите електронска пошта и да ја побарате тарифата „Елба без дожд“ и да си го резервирате вашето сместување.

За да добиете поврат на пари за сместување во случај на дожд, како што напомнавме погоре мора да врне дожд два часа или повеќе меѓу 10 и 20 часот.

Елба е најпознато како место на прогонот на Наполеон од 1814 до 1815 година. Посетителите можат да го посетат и Националниот музеј на Наполеоновата резиденција во Порто Феро за да дознаат нешто повеќе за тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk