Уште една премиера и уште едно смело издание на омилениот холивудски шармер Педро Паскал...
Актерот Педро Паскал неодамна присуствуваше на премиерата на неговиот најнов филм „The Fantastic Four: First Steps“ во Лос Анџелес, а за таа прилика облече комбинација што им пркоси на сите правила на класичната елеганција.
Педро, кој обожава специфични модни парчиња, и овој пат дозволи облеката да „зборува“ наместо него.
Носеше панталони во црна боја со класичен крој, но вниманието сепак го привлече горниот дел од комбинацијата.
Како што се гледа, холивудскиот шармер се одлучил за бело сако под кое се назирала обична маица, како и марама со точки. Освен тоа, забележлив бил и црвен цвет кој му дал доза автентичност на целиот стајлинг.
Треба да се напомене дека Педро не бил сам на премиерата – покрај колегите од филмот, друштво му правела и неговата трансродова сестра Лукс Паскал, која исто така е актерка.
Што се однесува до нејзиниот стајлинг, таа се одлучила за едноставна црна тоалета која ја следи линијата на телото. Креацијата ја краселе отворен грб, како и интересни отвори во пределот на струкот. Стајлингот го надополнила со брановидна фризура и впечатлива шминка во земјени тонови.
Како вистински џентлмен, Педро ѝ го намести фустанот и се погрижи таа да изгледа совршено, додека фотографите уживаа во нејзиното позирање и широката насмевка.
Иако многумина на социјалните мрежи не ја познаа, па се прашуваа која е оваа дама, таа е фсушност помалата сестра на педро која некогаш била маж.
Педро уште еднаш ги освои срцата на јавноста кога ја поддржа својата помлада сестра кога таа јавно објави дека е трансродова жена во 2021 година.
Во интервју за „Холивуд репортер“ во април 2025 година, Лукс изјави:
„Педро секогаш ја покажува својата човечност. Тој не крие кој е, и тоа е она што најмногу го научив од него. Нема причина да кријам која сум јас. И мислам дека луѓето можат да го видат тоа.“
Лукс Паскал е актерка и модел која студирала глума во родниот Чиле, а потоа дипломирала на престижната школа Џулијард во Њујорк во 2023 година. Публиката ја памети по нејзините улоги во серијата „Ла Жаурија, Ла Калифорнија“ и појавувањето заедно со Педро во „Наркос“.
Во февруари 2021 година, Лукс откри дека е транс жена во интервју за списанието „Ја“. Тоа беше прв пат таа да зборува за себе и рече дека започнала со хормонска терапија во јули претходната година.
„За моето семејство, тоа е нешто сосема природно“, рече таа.
Таа додаде дека нема проблем со гледањето стари фотографии и дека тоа не е извор на болка за неа:
„Гледам човек кој го правел она што го сака. Исто како кога гледам стари претстави.“
Педро ја сподели веста за транзицијата на неговата сестра на Инстаграм, објавувајќи ја насловната страница на списанието и пишувајќи:
„Мојата сестро, моето срце, нашиот Лукс“.
Лукс рече дека Педро бил еден од првите што ѝ дал сила за да го изгради својот идентитет. Кога таа му кажала преку Фејсбук дека е трансродова, неговата реакција била полна со љубов и поддршка:
„Ме праша како се чувствувам, бидејќи беше малку загрижен. Кога му кажав дека сум среќна, рече: 'Совршено. Ова е неверојатно.'“
Педро воедно изјави и дека таа „му треба повеќе отколку што јас тој што и треба на неа“