Заљубени како тинејџери, сите занемеле кога Моника Белучи и Тим Бартон застанале пред фоторепортерите во текот на 55 издание на Филмскиот фестивал Џифони.
Една од најфаталните жени на денешницата и сите времиња е главна ѕвезда која присуствувала со партнерот Тим Бартон на престижниот филмски фестивал и секако дека привлекле огромно внимание.
Заљубени како тинејџери, Тим и Моника го одземаат здивот на 55 издание на Филмскиот фестивал Џифони.
Славниот американски режисер ја претставил втората сезона од својата хит серија „Среда“, а главна поддршка на црвениот тепих му била убавата актерка која со изборот на стајлинг покажала која е тајната на елеганцијата – едноставноста.
Италијанската „феме фетале“ на која годините не ѝ можат ништо, пленела во црното издание, долго здолниште кое ја истакнало нејзината фигура, а наместо бела кошула таа избрала модел на црна кошула од свила под која наѕирал градникот.
Комбинацијата на елегантните и лесни материјали и раскошната силуета потврдиле дека таа е достојна на класичната естетика, нејзиниот заштитен знак.
Аутфитот го заокружила со црна чанта, додека пак од накит имала само алка и прстени. Косата како и секогаш ѝ била пуштена, а шминката природна.
И во оваа прилика Моника покажал колку лесно и убедливо ги носи класичните парчиња, со доза на безвременска сензуалност својствена само за неа.
Црната дефинитивно е нејзината боја, а очигледно е дека ја преферира и Бартон. Дека уживаат во хармоничната врска до последен здив потврдува и фактот што тие секогаш се трудат да бидат синхронизирани во стајлинзите.