Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора, привлече внимание со необичната облека што ја покажа за време на прошетката со својот сопруг во Сен Тропе.
Пејачката носела тесни црвени шорцеви, кои се украсени со метални нитни. Минијатурната облека ја искомбинирала со впечатлива жолта маичка, со натпис на кој пишува: „Обожавам печурки“, пренесува „Дејли мејл“.
Rita Ora puts on a VERY leggy display in sizzling leather hot pants as she enjoys a stroll with husband Taika Waititi in Saint Tropez https://t.co/YSN3h6NdEq
— Daily Mail US (@Daily_MailUS) July 27, 2025
На оваа веќе необична комбинација таа додала високи црни чизми со потпетици и чанта со зебрест принт. Изгледот го надополнила со златни прстени, сребрени нараквици и црни очила за сонце.
Целата комбинација е доста необична, особено за времето од годината и температурите што надминуваа 30 степени во Сен Тропе.
Со неа бил и нејзиниот сопруг, со кого е во брак речиси три години, новозеландскиот актер и комичар Таика Ваитити.
Двојката, која се венча во Лос Анџелес и е заедно од 2021 година, следниот месец ја слави третата годишнина од бракот.
Рита е препознатлива по своите смели изданија и не се плаши да ризикува кога е во прашање модата.