[ВИДЕО] Позната Хрватка ги шокираше сите со цените на храната и пијалаците во Италија! И самата се изненади кога доби сметка

Точка

28/07/2025

19:22

2.812

Големина на фонт

а а а

Во продолжение дознајте што сè нарача хрватската инфлуенсерка во еден локален ресторан и слаткарница за само 9,80 евра.

Инфлуенсерката Тена Сакар Вукиќ неодамна ги посети Палермо и Сан Вито ло Капо на Сицилија, а на социјалните мрежи ги сподели своите искуства, вклучувајќи ги и цените на храната и пијалаците, кои многумина, благо речено, ги изненадија. Во еден локален ресторан и слаткарница во Палермо, Тена нарачала тестенини, две топки сладолед, два традиционални италијански десерти („cannoli“) и вода. Сето тоа го платила 9,80 евра. Покрај видеото напиша: „Локална квартовска слаткарница/ресторан со врвни вкусови, квалитетни состојки и нормални цени. Сè беше многу вкусно, свежо и со многу душа.“

Освен Палермо, оваа инфлуенсерка ја посети и популарната плажа Сан Вито ло Капо, каде ја воодушеви добрата атмосфера, чистото море и пристапните цени. „Плажата е полна со луѓе, а атмосферата е одлична! Пливање, пица, коктели и сонце … Лежалките чинат 20 евра, водата 3 евра, коктелот 7 евра, пицата од 9 до 15 евра. Возењето од Палермо трае околу еден час и 30 минути, но вреди за секоја кривина. Цените? Поевтини отколку дома“, напиша во својата објава. Тена инаку објавува фотографии и видеа од патувањата, а неодамна разочарано коментираше за сместувањето во Лондон, кое го изнајмила за вртоглава сума.


Потсетуваме, Тена во неколку наврати јавно зборуваше за својата борба со биполарно нарушување, сè со цел да им пружи поддршка на лицата што се соочуваат со ментални предизвици. Неодамна се огласи од болница, откривајќи им на своите следбеници дека моментално се наоѓа во тешка физичка и психичка состојба. Се соочила со потешкотии во говорот и доживеала алергиска реакција на пропишаниот лек. Преку социјалните мрежи, Тена детално ја опиша својата здравствена состојба, што предизвика бран на поддршка меѓу нејзините следбеници. „Така е како што е. Ќе помине. Психичката состојба ми беше дестабилизирана последните 14 дена, ’Rivotril‘ добив пред 4 дена, но имав ретка алергиска реакција – кашлање, гушење, чувство на ’пчели‘ во грлото, гребење, ’кнедла‘ во грлото. Воспаление нема, рендгенот е уреден“, започна таа.


„’Rivotril‘ беше заменет со ’Lyrica‘, примив инјекција ’Synopen‘ и брзо почувствував олеснување; веќе долго време имам проблем со гласот, иако уште во март бев предупредена да посетам фонијатар – секако, не го направив тоа; ОРЛ прегледот покажа едем и полип на гласните жици, примив дексаметазон и треба да одам на контрола за 2 дена; сè уште сум на патерици поради скршеница на потколеницата и воспаление на ’рскавицата, а околу 15 јули ќе се знае дали одам кон оздравување или ми треба понатамошно лекување. Луѓе, чувајте се и слушајте го своето тело“, напиша Тена. Нејзината објава предизвика бројни реакции на поддршка, со коментари како „Секако дека ќе помине“, „Те сакаме“ и „Ти посакувам брзо закрепнување“.


Освен тоа, Тена претходно во еден разговор зборуваше и за непријатноста што ја доживеала на едно патување. „Во Австрија, како 20-годишна, доживеав тешка психотична епизода. Замислував дека ме шпионираат, прогонуваат и сакаат да ме убијат, слушав гласови на Индијанци … Сето тоа се случи затоа што наивно со друштво консумирав марихуана, и тоа само неколку вдишувања. Останав во психоза уште три недели, завршив на антипсихотици, а подоцна и на антидепресиви, и со тоа го активирав биполарното нарушување. Никогаш не знаете што носите во гените и затоа не треба да ризикувате со психоактивни супстанции.“