Ендокринолог открива која храна е „убиец“ на штитната жлезда: Ја забавува нејзината работа, а телото неконтролирано се дебелее

Точка

29/07/2025

12:48

2.209

Големина на фонт

а а а

Штитната жлезда е мала, но моќна жлезда во предниот дел од вратот која управува со бројни витални функции во организмот, од метаболизам, телесна температура до енергетско ниво.

Кога нејзината работа е оптимална, последиците можат да бидат сериозни: умор, депресија, пад на концентрацијата, сува кожа, опаѓање на косата и најчесто дебелеење иако личноста не се прејадува.


Ендокринолозите сѐ почесто предупредуваат дека одредени намирници можат да имаат негативно влијание на работата на штитната жлезда, особено кај лицата кои веќе патат од хипертензија (забавена работа на штитната жлезда).

Храна која треба да ја избегнувате или да ја консумирате внимателно

1. Преработени шеќери и слатки

Поголем дел од рафинираните шеќери влијаат на хормоналниот дисбаланс и дополнително го забавуваат метаболизмот. Ендокринолозите истакнуваат дека прекумерното консумирање шеќер може да ги влоши симптомите на хипотиреоза и да предизвикаат дебелеење, без оглед на внесот на калории.


2. Соја и производи од соја

Сојата содржи изофлавони, растителен естроген којшто може да пречи во синтезата на хормони на штитната жлезда, особено кај лицата кои веќе имаат проблем со нејзината работа. Производите како што се тофу, соино млеко и соини протеини се препорачуваат во умерени количини.

3. Глутен

Кај лицата со автоимуни заболувања на штитната жлезда, глутенот може дополнително да ги влоши воспалителните процеси во телото. Некои од експертите препорачуваат целосно избегнување глутен доколку постои дијагностицирано автоимуно нарушување.

4. Кисела и индустриска храна

Храната богата со адитиви, конзерванси, емулгатори и вештачки ароми може дополнително да го оптовари ендокриниот систем. Консумирањето на таква храна може да ги поттикне инфламаторните процеси, што дополнително ја отежнува работата на штитната жлезда.


5. Зелен свеж зеленчук

Зелка, кељ, брокула, прокељ, кога се консумираат свежи во големи количини, содржат супстанции кои можат да пречат во апсорпцијата на јод, важен минерал за функцијата на штитната жлезда. Со нивно варење, штетните својства значително се намалуваат, па се препорачува да ги консумирате термички обработени.

Што сака штитната жлезда?

Додека некои намирници можат да штетат, постојат и оние кои можат да помогнат во нејзината работа:

- Храна богата со јод: морски алги, јодирана сол, риба.

- Селен: бразилско оревче, туна, мисиркино месо.

- Цинк и железо: црвено месо, семки од тиква, јајца.

- Омега-3 масни киселини: лосос, сардина, ленено семе.

Храната има моќно влијание на хормоналната рамнотежа, а штитната жлезда е особено чувствителна. Доколку се борите со умор, дебелеење и забавен метаболизам, можеби не е проблем во калориите туку во штитната жлезда и нејзината тивка саботажа од страна на она што го јадете.