Чудни работи кои можат да се случат после сексот, а се сосема нормални

Точка

28/07/2025

21:30

2.540

Големина на фонт

а а а

Сексот е физички чин кој го вклучува целото тело, а тоа може да реагира на необични начини.

Експерти за порталот „Hellogiggles“ објаснија што сè може да се случи веднаш по сексуалниот чин.

Пецкање и болка при мокрење

Ако почувствувате мало пецкање при мокрење веднаш по сексот (секогаш го правите тоа по секс, нели?) немојте веднаш да помислите дека имате сериозен проблем. Можеби најпрво ќе ви паднат на памет уринарни проблеми или сексуално преносливи болести, но чувството на пецкање или болка по секс е честа појава и не е ништо страшно ако исчезне во рок од неколку часа.


„Жените кои чувствуваат промени при мокрење, но без присуство на вистинска инфекција, обично го доживуваат тоа поради премногу активно карлично дно“, објаснува Хедер Џефкаут, физикален терапевт и авторка на книгата „Sex Without Pain: A Self-Treatment Guide to the Sex Life You Deserve“. Исто така може да биде предизвикано од отечено вагинално ткиво, што поради близината на уринарниот канал може да доведе до пецкање непосредно по сексот.

Црвени дамки на образите и вратот

Сексот е прекрасно искуство поради кое двајцата партнери зрачат со задоволство. Притоа и кожата може да поцрвени, но може да се појават и дамки.

„Многу жени доживуваат црвенило на кожата за време на возбуда. Опуштањето на крвните садови може да предизвика црвени дамки на кожата на вратот и градите, кои често остануваат незабележани поради изгасеното светло“, вели гинекологот Џонатан Шафир.


Реакции на кожата на интимните делови од телото

Ако почувствувате некаков вид реакција на кожата на надворешниот дел од вулвата или близу бутовите или стомакот, тоа може да биде реакција на лубрикант, кондом или дури и сексуална играчка, особено ако сте пробале нов производ. Ако не сте користеле нови производи, можно е да сте развиле алергија на спермата, која може да се појави во секое време со сегашен или нов партнер. Ако вашите симптоми се благи, тоа може да биде само привремена реакција, но ако имате осип, оток или некаква друга силна физичка реакција, ќе треба што побрзо да побарате лекарска помош.

Различни и интензивни чувства

Ако по секс почувствувате некаква силна емоција, било да станува збор за ненадејна депресија, лутина или вознемиреност, или пак за интензивно чувство на еуфорија, за тоа можете да ги обвините хормоните. Ако се чувствувате ненадејно тажни, тоа може да биде поради пад на нивото на допамин по оргазмот, што резултира со физичка реакција.


„По сексот е нормално жената да чувствува силни емоции. На пример, жената може да пушти солзи, да плаче од радост и да се чувствува необично емотивно. Тоа е нормално и нејзиниот партнер може да го искористи како можност за поддршка, емпатија и сочувство“, вели Кејти Зисканд, брачна и семејна терапевтка.

Испуштање на гасови од вагината


„Едно од моите омилени прашања што ми ги поставуваат е: Зошто по секс имам гасови во вагината?“, вели д-р Мишел С. Рид за „Fit Doc“. „Гасот и воздухот се мешаат за време на туркање на пенисот во вагината со голема брзина, а по оргазмот може да дојде до вагинални гасови“, додава таа.