Додека едни гледаат полни плажи и барови во текот на викендот, други повеќе се грижат за другите денови од неделата кои се празни, па иако крајот на летната сезона е далеку, многу од угостителите во Црна Гора сѐ погласно говорат дека оваа сезона е многу слаба.
Оние кои лебот го јадат од туристичката сезона говорат за работите кои придонеле во популарните црногорски летувалишта да има многу малку луѓе, односно да бидат празни.
Цените во Црна Гора превисоки за туристите и за локалците
Зошто е тоа така, својот суд го донело едно младо момче кое се наоѓа зад популарниот Инстаграм профил „Црногорски водич“ кој на социјалните мрежи на шеговит и креативен начин го промовира црногорското крајбрежје на најдобар можен начин.
Ова момче визуелно и низ зборови го дало својот суд, па истото станало вирално.
„Како во Црна Гора сезоната „пукна“? Два помфрити 16 евра, магнет 20 евра, две лежалки 200 евра, испуштаме септички јами во морето, таксиметар во Будва побрз од Болт, секоја плажа станала приватна, точено пиво 4 евра, работа на патот среде сезона“, навел како примери тој, а потоа следел и текстуален дел со критики.
„Размислував дали да го споделам ова видео или не, но после толку пораки и она што го гледам, морав. Не може на овој начин да се води туризмот. Аеродромите не ги ни споменав, нељубезност на многу локации, ѓубре на сите страни...
За да се напредува мора да се прифатат фактите. Цените се чиста небулоза. Септичките јами ги испуштаме на одредени плажи... Од туризмот ни зависи цела земја. Туризмот е она од што преживуваме. Како ги коментирате работите на патот на најпрометните делови од приморјето? Скандал. Оваа земја има што да понуди, но упорно го нуди своето најгрозно лице. Памет во глава“, напишал тој.
На удар сопствениците на кафулињата и рестораните
Летувањето во Црна Гора сезонава предизвикало поделени мислења кај туристите. Многумина истакнуваат дека цените од лежалки до оброци се навистина високи до небо.
„Луѓето се обидуваат да заработат за цела година во еден месец“, се наведува во една објава, додека пак други наведуваат дека „алчноста е присутна на секој чекор“ и дека „блокадите дополнително го отежнуваат пристапот до туристичките места“.
Гостите се жалат дека основен оброк за двајца плаќаат и до 30 евра, а дека квалитетот на храната не ја оправдува цената.